период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Свет
Датум: 10.01.2017, 16:36

Најмалку 25 загинати во двоен бомбашки напад во Kабул

Најмалку 25 луѓе загинаа, а над 45 се повредени во две експлозии – една од автомобил-бомба и друга предизвикана од бомбаш-самоубиец, во близина на авганистанскиот парламент во Kабул, информираат тамошните власти, кои посочуваат дека бројот на жртвите веројатно ќе расте. Властите веруваат дека експлозиите биле координирани.

- Најмалку една од двете експлозии е предизвикана од автомобил-бомба. Тие биле насочени против вработени од парламентот. Има жртви - изјави прес-секретарот на авганистанското министерство за внатрешни работи, Седик Седики.

Во експлозиите има и најмалку 45 повредени, повеќето цивили и вработени во парламентот.

Автомобил „тојота“ натоварен со експлозив експлодирал во близина на зградата на авганистанскиот парламент. По пристигнувањето на припадниците на безбедносните сили и екипи на брзата помош, се слушнала и втората експлозија во куќата на локален племенски старешина. Талибанците веднаш ја презедоа одговорноста за денешниот напад. Набрзо по двете експлозии се огласи претставникот на талибанците Забиула Муџахид, кој презеде одговорност за двојниот напад.

Во друг напад вчера, во провинцијата Хелманд, загинаа најмалку седум луѓе, а шестмина беа повредени. Самоубиствениот бомбашки напад се случил во куќата на локален племенски старешина.

#



Останати вести
Две третини од Швеѓаните ги сметаат САД како проблем за светскиот мир
Нападната полициска станица во Газијантеп, убиен еден од тројцата напаѓачи
Со постери со бурки против олеснување на натурализацијата во Швајцарија
Германија со електронски белезици ќе ги следи мигрантите - потенцијални терористи
Kирби: Неодговорно е да се покажат доказите за руското хакирање

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести