период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Отворена
Датум: 11.01.2017, 17:26

КОМЕНТАР

Грабеж на пошта одамна не е вест

Грабеж на пошта одамна не е вест во Македонија, иако, рака на срце, во минатото поштите и поштарите во земјава многу почесто беа на цел на разбојниците. Поштенско возило со години не било ограбено, но експозитури на „Македонска пошта“, како таа завчера во скопската населба Север, редовно се ограбувани. Среде бел ден, со пиштол, со клиенти што дошле да си завршат работа во поштата.

За среќа, с` поминало без повредени. Само неколку дена претходно крадци однеле сеф

од поштата во Велешта, но бидејќи не успеале да го отворат, го оставиле.

Освен од крадци, парите на поштата еднакво се цел и на сопствените вработени. Сето ова „Македонска пошта“ ја прави најнесигурна државна институција кога се во прашање парите на граѓаните.

Можеби со текот на време надлежните во оваа институција делумно ја научија лекцијата и по ограбени милиони евра од поштенските возила, сега транспортот на пари редовно е обезбедуван од полицијата. Но, сигурноста на парите не е помалку важна и во самите пошти, каде што згора на тоа, при грабежите може да настрадаат и вработените и клиентите. Парите се можеби осигурени од кражба, но кој ќе биде виновен ако некој разбојник застрела некого. Од друга страна, и за ограбените пензии пак ќе надоместат граѓаните.

И менувачниците мораа да се приспособат на законските услови што ги утврдуваат безбедносните правила, па и тие денес се многу ретко на удар на разбојниците.

Пред неколку години, пак, по големиот пожар во главната зграда на „Македонка пошта“, кога имаше голема материјална штета, се појави проблемот токму со ненавременото осигурување. Тогаш повторно на виделина излегоа пропустите и недоволната грижа на одговорните во „Пошта“ за сопствениот имот, како и за средствата на граѓаните.

Не смеат да се заборават ниту отворените писма, недоставените или оштетени пратки, загубени сметки или извештаи од банки, пробивање на роковите за достава на писмата, препорачани пратки, што стигнуваат со доцнење. „Македонска пошта“мора да покаже повеќе грижа за безбедноста во своите експозитури, а не само за своите вработени.

Затоа, негативно беше проследена информацијата во јавноста дека четворица директори на подружници на „Пошта“ во земјава биле наградени со по една плата, според одговорните во институцијата, поради постигнатите резултати во работењето.

И да не се лажат одговорните во оваа институција, помалиот број кражби не се должат на зголемената безбедност на поштите, туку на големиот број спортски обложувачници и казина што разбојниците сега ги претпочитаат.

Игор ШЕГАВИЌ

#



Останати вести
Обама ги промовира САД во банана-држава
Верувања и суеверија за бројот четириесет
Барања за кастрација на Македонија
Интервентен увоз на струја по интервентни цени

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
DLM, 12.01.2017 01:36:18
Сигурен си дека е во населбата Север? Јас мислев дека тоа се случило на Дивиот Запад! А и ред е по толку Холивуд подготовки време беше да се покаже што се се научило. Само се прашувам кога ќе заврши игранката во Сирија и овие нашиве гастербајтери од Дивиот ни Запад кои се тами на привремена работа и се вратат во Македонија - дали тогаш ќе имаме само грабежи на пошти или некоја поинтересна епизода а сепак по стандардите од Оливуд! - што мислиш?
навистина, 12.01.2017 09:05:46
Навистина не е вест. Сега е ограбува на посифистициран начин. Со склучување на договори и анекси на договори преку јавни претпријатија и државни установи, со увоз на струја, со монополска позиција на фирма за затоплување, и.т.н.
Најнови вести