период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Сцена
Датум: 20.03.2017, 15:17

РОНИ ВУД МУ СЕ ПОСВЕТИ НА СЕМЕЈСТВОТО

Уживам со моите близначки

Гитаристот на славната рок-група „Ролинг стоунс“, Рони Вуд, ужива во грижата за двете 10-месечни ќерки, Грејси Џејн и Алис Роуз, кои неговата трета сопруга, 39-годишната Сели Вуд, ги роди во мај минатата година. Иако музичарот и неговите колеги од бендот се познати по рокерскиот начин на живот, 69-годишниот Вуд признава дека најсреќен е кога е дома со семејството.

- Најубаво ми е кога сум со сопругата и девојчињата, ништо не е подобро од тоа. Kога близначките ќе дојдат во нашата спална за да се гушкаме, како да сум во рајот. Јас сум навистина среќен човек – истакнува гитаристот во интервју за магазинот „Хелоу“.

Тој и неговата сопруга се запознале пред повеќе од една деценија, кога Сели работела за кралскиот театар „Друри Лејн“, но Вуд тогаш с` уште беше во брак со својата втора сопруга, Џо. Тие се разведоа во 2008 година, а со Сали се венчаа три години подоцна, по шестмесечна романса. Двојката сега живее мирен живот во Хертфордшајр.

- Го обожаваме животот на село, с` е совршено. Играат крикет на трева, има селски панаѓури. Ние посетуваме с`, уживаме во тоа – истакнува госпоѓата Вуд.

Освен близначките, музичарот има уште четири деца: синот Џеси од бракот со Kриси Вуд, и ќерката Леа и синовите Тајрон и Џејми од бракот со Џо Вуд.

#



Останати вести
Спот за темата „Гласно“ потпишан од гитаристот на бендот
„Kуку леле“ ја сними „Рома романтика“
Лила, Јована и Симона блеснаа како невести

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести