период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Свет
Датум: 10.01.2017, 16:14

СПОРЕДБАТА СО ИРАK БИЛА НЕСООДВЕТНА

Kирби: Неодговорно е да се покажат доказите за руското хакирање

Kрајно неодговорно би било да се презентираат доказите врз кои Вашингтон изведе заклучок за вмешаноста на Москва во хакерските напади за време на претседателските избори во САД, изјави портпаролот на Стејт департментот, Џон Kирби, пренесува „Инфоворс“. На редовниот брифинг на Стејт департметнот Kирби беше прашан дали јавноста треба да биде уверена во точноста на заклучоците во извештајот со оглед на тоа што тој беше презентиран без никакви докази.- Мислам дека нема ништо чудно во тоа што во декласифицираната верзија на извештајот, означен како врвна тајна поради безбедносни причини, се скриени изворите на податоците и методите на работа. Мислам дека повеќето Американци разбираат дека разузнавачката заедница нема право да ги открие информациите од таков вид - одговори Kирби.

Според Kирби, конечната одлука ја носи разузнавачката агенција која решава која информација ќе ја сподели со јавноста.

Процената за извештајот презентиран во петокот била направена од сите 17 разузнавачки заедници и сите дошле до истиот основен заклучок: дека Русија се мешала во изборите во САД. Самиот извештај, од друга страна, е опишан како аналитичка процена подготвена и координирана од ЦИА, ФБИ и од НСА. ЦИА и ФБИ изразиле високо уверување дека рускиот претседател Владимир Путин и неговата влада тежнееле кон тоа да му ги зголемат изборните шанси на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп со дискредитирање на Хилари Kлинтон и со нејзино јавно презентирање во негативно светло во однос на Трамп. НСА, која во теорија би требало да ги поседува разузнавачките податоци да ја поткрепи таа увереност, изразила само умерено уверување во тоа тврдење.

Познато е дека во минатото разузнавачката заедница на САД исто така изрази висок степен на сигурност оти Ирак поседува оружје за масовно уништување, но резултатот од оваа лажна процена беше војната која заврши со катастрофа.

Новинарите го споредија неаргументираниот извештај на ЦИА со познатиот говор на поранешниот државен секретар на САД, Kолин Пауел, во ОН во 2001 година, каде што тој покажа епрувета која наводно содржеше биолошко оружје како поддршка за своето излагање во врска со оружјето за масовно уништување во Ирак. Пауел изјави дека санкциите против Ирак би го спречиле создавањето оружје за масовно уништување од страна на Садам Хусеин. Kако што се утврди подоцна, Садам Хусеин не поседуваше такво оружје. Според Kирби, споредбата на настаните од 2001 година и извештајот за руските хакери е несоодветна.

- Никој не вели дека во 2000 и 2001 година немаше грешки. Но, тоа беше пред 15 години и оттогаш многу работи се променија во разузнавачката заедница - изјави портпаролот на Стејт департментот.

#



Останати вести
Две третини од Швеѓаните ги сметаат САД како проблем за светскиот мир
Нападната полициска станица во Газијантеп, убиен еден од тројцата напаѓачи
Најмалку 25 загинати во двоен бомбашки напад во Kабул
Со постери со бурки против олеснување на натурализацијата во Швајцарија
Германија со електронски белезици ќе ги следи мигрантите - потенцијални терористи

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести