период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Култура
Датум: 16.02.2017, 18:16

Праизведба на „Ана Kомнена“ во театарот „Џинот“ во Велес

Велешкиот театар „Јордан Хаџи Kонстантинов Џинот“ вечерва ќе ја изведе премиерата на претставата „Ана Kомнена“, праизведба на драмскиот текст на Сашо Димоски, кој беше второрангиран на конкурсот за драмски текст за отворање на новата театарска зграда. Првата годинашна премиера на велешкиот театар е четврта, последна нова претстава од минатогодишната програма на театарот, поддржана од Министерството за култура.

- Ова не е историска драма ниту драма на историјата, туку современ драмски прочит кој го преиспитува историскиот контекст и феноменот на власта, но и сите политички, социолошки, културолошки и уметнички референци на Византија како империја во нивните универзални значења и вредности - вели уметничкиот директор на театарот Васил Зафирчев.

Според авторот на текстот Сашо Димоски, претставата е градена на три основни концепти: родовото устројство на светот, позицијата на жената во власта и преиспитување на концептот верба, позицијата на Бог, прочитана од сите можни перспективи што го засегаат човековото битие.

- Овие три концепти се особено сериозни, на нив почива цивилизацијата – вели Димоски.

Претставата ја третира личната драма на византиската принцеза Ана Kомнена, која иако е легитимен престолонаследник на византискиот престол, не успева да застане на чело на империјата, затоа што е жена.

- И во денешно време постојат сегрегирањата врз основа на пол и затоа е интересна животната приказна на Ана Kомнена. И покрај перипетиите што и се случуваат во борбата за престолот, нејзиниот прогон, на крајот сепак таа успева да извојува морална победа, од која произлегува главната поента на претставата дека човекот не го прави позицијата општеството, туку душата и срцето - вели режисерот Ненад Витанов.

Во претставата настапува речиси целиот ансамбл на велешкиот театар. Насловната улога ја толкува актерката Kети Борисовска, а играат и Васил Зафирчев, Јордан Витанов, Весна Димитровска Бобевски, Зорица Панчиќ, Жарко Спасовски, Александар Велјановски, Самоил Стојановски, Фаик Мефаилоски, Талија Настова, Маја Љутков, Александар Ѓеоргиев, Kирил Гравчев, Марија Стефановска, како и студентите од Факултетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА Даријан Петровски, Андреј Серафимовски и Румена Шопова.

Сценографијта за претставата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Раде Василев, авторската музика на Сашко Kостов, а видеодизајнот на Данчо Стефков. Првата реприза на претставата е закажана за во сабота, 18 февруари.

#



Останати вести
Вечер на македонската поезија и ликовната уметност во KИЦ Софија
Берово прогласен за Град на културата за 2017 година
Триесет актуелни писатели членуваат во ДПМ повеќе од половина век

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести