период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Актуелно
Датум: 10.01.2017, 17:49

Лекови од болничката листа ќе се издаваат и на рецепт

Фондот за здравствено осигурување на Македонија ќе овозможи лековите „клексан“ и „фраксипарин“, антикоагуланси кои се на болничката листа и редовно се рефундираат, да бидат на рецепт како тримесечна терапија за хроничните болни лица, како и локатор на најблиската аптека и здравствените установи што имаат склучено договор со Фондот. Овие проекти вчера ги разгледаа директорите на ФЗОМ, Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани, заедно со претседателот на Фармацевтската комора на Македонија, Бистра Ангеловска.

- Нашата политика е да бидеме транспарентни и координирани со сите еснафски здруженија и со сите оние што може да ни помогнат за да дојдеме до решенија за унапредување на правата за здравствена заштита на осигурениците - изјави Стефаноски.

Тој посочи дека со Фармацевтската комора разговараат за повеќе проекти за зголемена достапност на лековите до секој осигуреник. Во врска со проектот за тримесечна терапија за хронично болните пациенти, истакна дека ќе се бараат најдоброто решение и методологијата за негово спроведување.

- Можеби на крајот од првиот квартал во 2017 година овој проект да биде оперативен и нашите осигуреници да ги користат неговите поволности. Вториот проект е поврзан со делот на ИТ-секторот, а тоа ќе значи олеснување во пребарувањето на јавните и приватните здравствени установи, особено аптеките што имаат склучено договор со Фондот - рече Стефаноски.

Директорот на ФЗОМ, Орхан Рамадани, рече дека за лекот „клексан“ во 2015 година со рефундација се исплатени околу 10 милиони денари.

- Сега сметаме дека ќе можеме да најдеме модус и да може пациентите да го подигнат со рецепт во аптека - додаде Рамадани.

Ангеловска рече дека даваат поддршка на проектите што Фондот ги поставува како целни проекти за подобрување на снабдувањето и сакаат да се подобрат и условите на работење во аптеките, односно разговараат и за оние проблеми и забелешки што ги даваат нивните членови во однос на потребите на вработените во аптеките.

#



Останати вести
Kога кај нас би било минус 7 како во Скопје, би шетале по кратки ракави
Од петок мало затоплување и нови врнежи од снег
Дачиќ: Точно се знае која српска амбасада требало да биде нападната

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести