период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Во фокусот
Датум: 16.02.2017, 18:07

РЕАKЦИЈА ЗА НЕЗАВИСНАТА ПРАТЕНИЧKА ГРУПА

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Сорос ја лажат јавноста дека Туфекџиќ, Богоевски и Пендаровски се независни

ВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ и Сорос продолжуваат да ја лажат јавноста, но оти тоа не им поминува, бидејќи, како што велат од партијата, народот не дозволува да биде излажан и потценет.

- Последната лага од кујната на СДСМ и Сорос, која јавноста може да ја види, е наводната независна пратеничка група во Собранието. За каква независна пратеничка група во Собранието се работи кога во неа се Ивана Туфекџиќ, Павле Богоевски и Стево Пендаровски, послушници на аболицираниот криминалец Зоран Заев - истакна на вчерашната прес-конференција Kрсте Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека истата оваа група „таканаречени независни пратеници“, пред неколку месеци на јавноста ~ продавала приказна оти се граѓански активисти, а рака под рака со СДСМ и Заев организираа протести, сквернавеа историја, споменици на дејци и нанесуваа штета на објекти низ центарот на градот.

Праша за каков независен пратеник се смета Ивана Туфекџиќм која уплатила 118 илјади денари во касата на СДСМм или Павле Богоевским кој уплатил 184 илјади денари во кампањата на Заев, или, пак, како што рече, за каков независен пратеник се смета Стево Пендаровски кога бил носител поставен на листата од Заев, а пред неколку години тој беше и партиски кандидат на СДСМ за претседател на државата.

- Тие продолжуваат да бидат само партиски послушници и лични слуги на аболицираниот криминалец Заев, кои беспоговорно ќе гласаат за сите негови антидржавни и деструктивни идеи - рече Јовановски.

Овие лаги на СДСМ и Сорос, како што потенцира тој, се веќе прочитани, а обидите истите ликови претпладне да ги прикажат како загрижени активисти, а попладне да ги користат како партиски потрчковци граѓаните ги виделе и им го испорачале десеттиот изборен пораз по ред.

#



Останати вести
Направен е груб фалсификат за Македонците во Албанија
Ахмети ќе му испорача на Заев закон за официјализирање на албанскиот јазик
Во Европа не постои унитарна држава со два официјални јазика на целата територија

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
EU, 17.02.2017 00:53:34
Aman de abdali, ve ifrlija kako smrdliva voda, a vie uste grakate: SDSM, Soros. Ima li nekoj normalen vo bozemskiov vesnik.
Најнови вести