период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Во фокусот
Датум: 16.02.2017, 18:05

СДСМ ЧЕKА ПОТПИСИ ЗА ВЛАДА

Ахмети ќе му испорача на Заев закон за официјализирање на албанскиот јазик

Пред да добие лидерот на СДСМ, Зоран Заев, согласност од ДУИ за десетте потписи и виза за влада, Али Ахмети и Зијадин Села на маса ќе му достават закон за официјализирање на албанскиот јазик. Ахмети вчера потврди дека закон за албанскиот јазик може да понудат само партиите на Албанците и оти не им требаат понуди од македонски партии.

- Сигурно дека партиите на Албанците имаат свој предлог и нема потреба другите партии да ни даваат понуди - изјави вчера Ахмети прашан дали со Зијадин Села од „Алијансата за Албанците“ подготвува закон за албанскиот јазик.

Од друга страна, од преговарачкиот тим на ДУИ за коалиција со СДСМ, Теута Арифи, Невзат Бејта и Изет Меџити, и вчера останаа на позициите дека заедничкиот предлог за унапредувањето на албанскиот јазик, подготвен со тимот на СДСМ, нема многу забелешки и оти с` уште работат на негово подобрување.

Предлогот за јазикот ја подели ДУИ. И додека за потпретседателската тројка за предлогот нема големи забелешки бидејќи тој е работен според Уставот и Рамковниот договор, некои функционери јавно порачаа дека СДСМ ќе треба да понуди многу повеќе од ВМРО-ДПМНЕ доколку сака владина коалиција и дека ќе нема влада ни со ВМРО-ДПМНЕ ни со СДСМ доколку нема целосна еднаквост.

За поделеноста во партијата и за обвинувањата меѓу сопартијците, Ахмети ни вчера не сакаше да коментира. Тој повтори дека ДУИ е демократска, а не автократска партија и оти водат отворена дебата во која сите се слободни да ги изразат своите лични убедувања.

За гаранциите што лидерот на ДУИ ги побара и доби од Заев, Ахмети изјави дека не сака да шпекулира кога ќе донесе одлука бидејќи с` уште траат анализите во партијата.

- Се прават сите анализи во партијата. Ве уверувам дека предлогот не содржи атомска бомба. За сите детали ќе бидете информирани. Се работи за конкретни прашања за албанските интереси и ние и натаму правиме анализи. Мислам дека секоја брза реакција и секој брз одговор ќе има фатални последици. ДУИ не беше субјектот што ги предизвика проблемите во Македонија, туку дел од решавањето на проблемите - рече Ахмети и додаде дека нема рокови и оти најважно е одговорот што ќе го дадат да биде најдобар за државата.

- Ние разговараме и со другите партии. Треба да имаме заедничко мислење и со другите партии и да понудиме добро решение - вели Ахмети.

И Села изјави дека го разгледуваат предлогот на СДСМ, но нема да чекаат законските решенија со кои се дефинираат правата на Албанците да ги предложат македонските партии.

- За нашите прашања, за нашиот јазик, нема да чекаме со предлог да дојде Заев или Груевски, туку тоа ќе го направиме самите и ќе условуваме тие да ги подржат - изјави Села.

Според него, идеално решение би биле уставни измени со кои албанскиот јазик би бил дефиниран како службен јазик, а не како јазик што го зборуваат 20 проценти од населението.

За усогласување на партиите потписнички на албанската платформа за гаранциите за влада од Заев, вклучително и за предлогот за албанскиот јазик, Ахмети најави дека деновиве средба ќе свика лидерот на ДР-ДПА, Зијадин Села. Ахмети не сакаше да прецизира како тој и Села го оценуваат пакетот гаранции од Заев.

- Со Села се сретнавме и разменивме идеи. Што се однесува до Билал Kасами, очекувам Села наредните денови или до крајот на неделава да свика состанок на кој ќе присуствуваат сите партии. Мислам дека Kасами ќе одговори позитивно на оваа покана - рече Ахмети.

Мариела Траjковска

#



Останати вести
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Сорос ја лажат јавноста дека Туфекџиќ, Богоевски и Пендаровски се независни
Направен е груб фалсификат за Македонците во Албанија
Во Европа не постои унитарна држава со два официјални јазика на целата територија

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
praveden, 16.02.2017 22:54:10
Albancite vo Makedonija osokoleni od momentalnata situacija barat silovanjeto vrz Makedoncite da bide odlucheno lichno od niv vo kakva pozicija ke bide izvrsheno, Kucheshka poza, zaechka ili Mechkova poza. Narode Makedonski, Braka i Sestri Makedonci ovaa Albanska agresija nema da zastane se dodeka razgovarame za Fashistichki Albanski Platformi, da se otfrli ovoj Albanski bezabrozluk, da se prekinat sekakvi razgovori za formiranje vlada pod takov Fashistichki diktat ako treba i so vojna ke ja branime nashata Drzava nie nemame druga rezevna Drzava.
ZAGRIZEN, 17.02.2017 06:41:48
Zaev posle dolgo samo varenje na Ahmeti vo paket mu go isprati svarenoto so nadez deka ke go nadmudri no vo isto vreme ke ja nadmudri i Makedonskata javnost shto znachi Volkot najaden i Offcite site na broj.Ahmeti nezadovolen kako Zaev se svarel, Ahmeti se mrshti, na Zaev mu prati poraka ne si se dobro svarel, nie ne sakame da zvakame nie sakame so merak da te jademe zatoa posle dovaruvanjeto kaj nas ti prakame model od vareneto prifati ili ostavi.
Најнови вести