период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Актуелно
Датум: 18.05.2017, 18:03

Борисов: Со новите колеги ќе направиме европски план за Македонија

Само стабилно управување во Македонија може да ги смири политичките страсти во земјата, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов за „ТВ-плус“, откако претседателот Ѓорге Иванов го врачи мандатот за состав на влада.

Борисов, откако ЕУ го поздрави доделувањето на мандатот на опозицискиот лидер Зоран Заев, оцени дека сега с` е во рацете на политичарите во Македонија.

Според бугарскиот премиер, откако ќе има влада, ќе може да биде организирана билатерална средба за европската иднина на Македонија.

- Во моментот кога ќе има влада, ќе организираме билатерална средба со колегите од Македонија, заедно со министрите за надворешни работи и да го направиме европскиот план за Македонија, бидејќи нам ни претстои претседателството со ЕУ и претпоставувам дека на агендата ќе биде темата за проширувањето - изјави Борисов.

По случувањата на 27 април во македонскиот парламент, бугарскиот премиер Борисов остварил телефонски разговори со македонскиот претседател Иванов, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски Зоран Заев, и, како што пренесува „Стандардњус.ком“, повикал за смирување на ситуацијата, почитување на законите и изразил поддршка за евро-атлантската интеграција и за територијалниот интегритет на Македонија.

#



Останати вести
Рама и Баша се договорија - избори на 25 јуни?
Јунска трка за 35.000 места
Илиевски: Евтин обид една несреќа да се прикаже како мое злодело
Нема притвор за Kочан, судот прифати кауција од 875.298 евра
Судењето за насилството во парламентот одложено за 23 мај
СДСМ и Беса не сакаат да слушнат за амнестија, другите молчат
Ахмети бара осум, Заев дава пет министерства

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
RAZOCARAN VMRO-VEC, 19.05.2017 02:20:05
SAMO BRATSKA BUGARIJA I PREMIER KAKO BORISOV GI PODRZUVAAT OBICNITE GRAGANI KOI SE I SO BUGARSKI PASOSI,BLAGODARENIJE NA NEGO I NEGOVATA VLADA KOJ MISLI I ZA GRAGANITE VO TUGINA.
Најнови вести