период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Во фокусот
Датум: 20.04.2017, 17:55

ПРОТЕСТИ НА „ЗА ЗАЕДНИЧKА МАKЕДОНИЈА“

Ова не е натчовечки, туку е најчовечки напор

Црвено-жолтиот протестен бран продолжи и синоќа во Скопје и во другите градови во Македонија, а организаторот, граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, најави дека денеска ќе објави повеќе новини во врска со натамошните протести против тиранската платформа.

- Вака се сака сопствената држава. Ова не е натчовечки напор, напротив, ова е најчовечки напор. И на дожд, и на студ, и на сонце, а ако треба и на снег, тука сме на нашата патека и не си одиме дома - порача од протестниот марш Богдан Илиевски од иницијативата „За заедничка Македонија“.

Според него, тоа што не бил избран претседател на Собранието кој не ја отфрлил и осудил тиранската платформа е уште една голема победа на граѓаните.

Поетот Зоран Пејковски во своето обраќање пред присутните истакна дека Република Македонија треба да остане мултиетничка, каква што секогаш и била, дека од граѓанската иницијатива се залагаат за мир, евро-атлантски перспективи, но и дека нема да дозволат да бидат понижувани, како што рече, од белосветски мешетари.

- Македонија не е идеја, Македонија е аманет оставен од нашите претходници. Аманетот не се заборава и затоа треба да ја чуваме - порача Пејковски.

На протестниот собир во Kавадарци пред присутните се обрати пензионерот Алимпие Лазороски: 

- Нема да дозволиме да се продаваат вредностите на државата за кои многумина наши предци го дале својот живот во изминатите години - нагласи тој.

Во Kичево пред платото на Домот на културата се обрати Даме Силјаноски:

- Ова е момент кога ние граѓаните треба да застанеме во одбрана на националниот, државниот интерес, и ние треба да се избориме Македонија да застане на вистински колосек. Ова го кажувам од овде, во Kичево, каде што добрите меѓуетнички односи биле пример не само во Македонија туку и во Европа и светот - порача Силјаноски.

Силна поддршка за граѓанската иницијатива беше искажана и од протестот во Охрид. 

- Во последно време с` почесто ни доаѓаат разноразни емисари од Европа, конкретно од Брисел. Ни пропагираат демократија, а не сакаат ниту името да ни го спомнат. За жал, во таа ЕУ с` повеќе се кршат одредени принципи, односно не важат еднакво за сите, а ние Македонците тоа најдобро го чувствуваме. И ние како и целиот нормален свет сме за Европа без граници, но не за ваква Европа која сака да н` прекрсти - порача Ванчо Стојаноски, активист во НВО-секторот.

#



Останати вести
Владимир Чижов: Зошто Русите во балтичките држави немаат права како Албанците во РМ?
Нема тет-а-тет средби меѓу Заев и Груевски
Голема Албанија значи балканска војна, ако Брисел молчи - ќе биде одговорен за последиците

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести