период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Сцена
Датум: 18.05.2017, 16:45

ЗГАСНА УШТЕ ЕДНА ЅВЕЗДА НА ГРАНЏ-СЦЕНАТА

Почина Kрис Kорнел, фронтменот на „Саундгарден“ и „Аудиослејв“

Музичарот Kрис Kорнел, кој се прослави како главен вокалист на бендовите „Саундгарден“ и „Аудиослејв“, почина завчеравечер, на 52-годишна возраст. Тажната вест ја соопшти претставникот на Kорнел, Брајан Бамбери. Тој изјави дека смртта била „ненадејна и неочекувана“ и додаде дека сопругата и семејството на пејачот се во шок и оти соработуваат со медицинските лица за откривањето на причината за смртта.

Kорнел беше среде распродадена американска турнеја, која требаше да заврши на 27 мај, а само неколку часа пред да почине одржал концерт во Детроит.

Со својот моќен глас и распон од речиси четири октави, ѕвездата беше еден од водечките вокали на гранџ-движењето во 90-тите години. Неговиот бенд „Саундгарден“ беше еден од најпопуларните на сцената во Сиетл, заедно со „Нирвана“, „Прл џем“ и „Алис ин чејнс“. Групата постоеше од 1984 до 1997 година, а повторно се оформи во 2012 година. Објави шест студиски албуми, од кои излегоа хитови како Fell on Black Days, Black Hole Sun, My Wave и The Day I Tried to Live.

Kорнел од 2001 до 2007 година беше фронтмен на бендот „Аудиослејв“, составен од поранешните членови на „Рејџ агенст д машин“: Том Морело, Тим Kамерфорд и Бред Вилк. Објави и четири соло албуми, од кои последен беше Higher Truth од 2015 година, а ја отпеа и насловната нумера за Бонд-филмот „Kазино ројал“, You Know My Name.

Kорнел се занимаваше и со хуманитарни активности и ја основа фондацијата „Kрис енд Вики Kорнел“, која им помага на бездомни, сиромашни, злоупотребувани и запоставени деца.

#



Останати вести
Бијонсе и Џеј Зи - милијардери
Бугарските хипхоп-ѕвезди се милионери, а ние заработуваме за сметки
Бела Хадид ги покажа гаќичките, Сузан Сарандон плени и на 70 години

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести