период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Метропола
Датум: 16.02.2017, 17:50

Почна пријавувањето за женската трка

Од вчера почна пријавувањето за петтата женска трка која ќе се одржи на 9 април во пресрет на „Визер скопски маратон“. Сите што ќе се пријават во првите четири дена ќе може да си го изберат стартниот број. Првиот рок за пријавување ќе заврши на 28 февруари, а во следните рокови цените за учество ќе се зголемуваат. Пријавувањето и регистрацијата може да се направи преку официјалната веб-страница на скопскиот маратон и преку партнерот за онлајн-регистрација на www.smartrace.club.

Женската трка се трча во Градскиот парк во должина од 2 километра. На крајот сите натпреварувачки учествуваат во лотарија со богати награди од спонзорите.

Женската трка низ годините успева да ги посочи здравствените придобивки од редовното спортување и да инспирира за трчање како здрава навика.

Од година на година добива популарност и с` повеќе жени се пријавуваат.

Оваа трка се организира од Сојузот на спортовите на Скопје и е под покровителство на Град Скопје како дел од промотивните трки за маратонот, кој ќе се одржи на 7 мај. За маратонот с` уште трае рокот за пријавување, а досега се пријавиле над 1.500 учесници од 31 земја.

#



Останати вести
Ќе се гради снежниот град на Попова Шапка
Аеродром ќе ги обнови фасадите на седум згради
Готват за 150 луѓе секој ден, велат дека им недостига леб

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести