период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Спорт
Датум: 11.01.2017, 16:03

АТП ќе организира завршен турнир за млади за да се подготви за смена на генерацијата

Првпат на крајот од тениската сезона годинава АТП ќе организира турнир на кој ќе настапат најдобрите осуммина млади играчи до 21 година по примерот на сениорите. Овој прв завршен турнир е планирано да се одржи во Милано. Засега е познато дека вакви завршни турнири за најдобрите млади играчи ќе се организираат до 2021 година. Причината поради што челниците на АТП се одлучиле на ваков чекор е подготвени да ја дочекаат големата смена на генерацијата во белиот спорт која им претстои.

Роџер Федерер наскоро се подготвува да замине во пензија, Рафаел Надал има 31 година, а 30. роденден ќе прослават и најдобрите во светот Новак Ѓоковиќ и Енди Мари.

- Замената на генерацијата која доминира во светот на тенисот доаѓа неминовно. Мора подготвени да го дочекаме тој миг. Новата генерација играчи има талент и ова е шанса помладите играчи да се претстават пред сите во светот - порача првиот човек на АТП, Kрис Kермод.

Турнир ќе биде организиран и одржан по урнекот од завршниот собир за најдобрите. На него настап низ постигнатите резултати сезонава ќе изборат седумте најдобри играчи, а осмиот играч ќе биде домашен кој ќе добие покана да им се придружи на најдобрите врсници.

Ако некој млад играч до 21 година избори пласман на завршниот Мастерс-турнир во Лондон меѓу најдобрите, тогаш нема да има обврска да игра и во Милано.

Ова се првите чекори што ги прави АТП за да ги анимира младите тенисери, но не се сигурни дека ќе наидат на воодушевување кај младите сезоната на крајот од годината да им се продолжи за уште еден турнир. Со оглед дека младите тенисери нема да добиваат наградни бодови за настапот во Милано, АТП планира да понуди дебел награден фонд за учесниците од 1,27 милион долари.

На овој турнир се планира и примена на нови правила и иновации во светот на тенисот со една цел - оваа игра да се направи поинтересна и попривлечна.

- С` напредува, па така мора да се движи и тенисот - велат челниците на АТП.

#



Останати вести
Kавга меѓу играчите и раководството на Барса причина за непојавувањето во Цирих
УЕФА го казни Партизан со неиграње во Европа поради финансиски долгови
Мундијал со 48 репрезентации е политичка, а не спортска одлука
Реал го пушта, Родригез не сака да биде најскап играч во светот
Седум години казнет со неиграње тенис поради наместен меч
Шарапова се враќа на терените во април во Штутгарт
Битолчани донесоа уште еден Бразилец
Лазаров: Без математики, можеме да се справиме и со најсилните селекции
Харден со петти трипл-дабл на последните седум меча
Салата во Битола се реновира, Пелистер во Челинџ-купот два пати гостин на Спортинг
Kлоф од МЗТ меѓу најдобрите во 17. коло од АБА-лигата

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести