период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Метропола
Датум: 20.03.2017, 17:47

Донација - проектор, лаптоп и платно за училиштата во поплавените подрачја

Шест училишта од поплавените подрачја во Скопје вчера добија донација вредна 10.000 евра, која се состои од проектор, лаптоп и платно, од амбасадата на Австрија и на Германија во Република Македонија.

Според генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити, оваа донација ќе им помогне на училиштата за подобрување на можностите за работа.

- И понатаму работиме на планот на закрепнување од катастрофалните поплави и с` уште сме присутни во поплавените подрачја, одржуваме активности се поврзани со подигање на свеста на населението за опасностите и ризиците од катастрофи, а работиме и на активности поврзани на отпорноста на заедниците - истакна Саити.

Тој потсети дека Црвениот крст на Австрија, со поддршка на австриската влада донирал 539 илјади евра за најранливите семејствата од поплавените подрачја, а биле спроведени и голем број работилници со ученици, наставници и родители.

Амбасадорката на Австрија во Македонија, Рената Kоблер, ја потенцира добрата соработка на австрискиот и македонскиот Црвен крст, особено за навремената помош што Австрија ја пратила по само неколку дена од поплавата на 6 август минатата година.

#



Останати вести
Генерално чистење на Гази Баба
Градот Скопје финалист за наградата на Европската недела на мобилност
Улицата ја има во планот, но Центар ќе ја стопира изградбата со жардиниери

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести