период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Култура
Датум: 16.02.2017, 18:15

ПИСАТЕЛСKАТА АСОЦИЈАЦИЈА ОДБЕЛЕЖУВА 70 ГОДИНИ

Триесет актуелни писатели членуваат во ДПМ повеќе од половина век

Друштвото на писателите на Македонија во изминатите седум децении обедини 540 писатели и интелектуалци од повеќе генерации, автори со разни естетски определби кои своите заложби ги остваруваа во сите книжевни жанрови. Друштвото е една од важните компоненти на литературните и културните процеси на 20 и 21 век - важен период од развојот на македонската држава во чии постигнувања се вградени и естетските дострели на членовите - рече вчера актуелниот претседател на свечениот собир на кој почна одбележувањето седум децении од формирањето на писателската асоцијација. Просториите на ДПМ беа претесни да ги примат сите што сакаа да бидат дел од свеченоста. Видни имиња, со чии книжевни дела растеле многу генерации во земјава, многу медиуми, видни личности од областа на културата, претседатели на книжевни асоцијации и манифестации присуствуваа на одбележувањето на големиот јубилеј. На свеченоста беа и врачени наградите за најдобри книжевни остварувања во изминатата година.

Веќе 15 години дел од Европската писателска асоцијација

Смилевски во десетминутниот говор се осврна на историјатот на друштвото, формирано на 13 февруари 1947 година.

- Во разни периоди од развојот на општество, покрај сите промени што ги донесе, ДПМ остана константно во стремежите и интересите во афирмацијата на книжевните вредности. Пред 15 години бевме примени во Европската писателска асоцијација каде што учествуваат 49 друштва од 28 земји од светот. Тоа беше признание за македонската литература и култура - рече Смилевски.

ДПМ му оддаде посебна почит на првиот претседател, Блаже Kонески, и го нарече најблескавата творечка вертикала на македонската литература и култура во втората половина на 20 век. Смилевски потенцира дека од 540 члена на ДПМ во изминатите 70 години, 30 од нив, кои с` уште активно создаваат, членуваат во асоцијацијата повеќе од половина век. Меѓу нив се Матеја Матевски, Цане Андреевски, Методија Фотев, Милан Ѓурчинов, Оливера Николова и други. Тој потенцира дека ДПМ има иднина бидејќи во изминатите шест години биле примени 34 млади писатели, извонредно талентирани творци кои се веќе афирмирани на книжевната сцена.

- Нивната просечна возраст е 28 години. Убаво е чувството дека домот на македонските писатели е исполнет до последното место, дека е важно средиште на македонската интелигенција - рече Смилевски.

Врачени традиционалните награди

Тој на Трифун Kостовски му ја врачи Повелбата на ДПМ за осведочен поттикнувач на вредностите во културата и поклоник на големото дело на Блаже Kонески. Kостовски преку својата Фондација при Македонската академија на науките и уметностите донира финансиска поддршка на ДПМ. Тој се заблагодари за Повелбата и рече дека се радува што Друштвото има светла иднина преку новите млади членови.

Потоа беа врачени традиционалните награди. Наградата „Ацо Шопов“ за поезија ја доби Гордана Михаилова-Бошнакоска, наградата за проза „Стале Попов“ ~ припадна на Лилјана Пандева, наградата „Димитар Митрев“ за критика и есеистика ~ беше врачена на Kристина Николовска, а Александар Поповски ја доби наградата за литература за деца „Ванчо Николески“.

Илјада книги за училишни библиотеки

Во рамките на одбележувањето на јубилејот Друштвото на писателите на Македонија ќе им подари 1.000 книги на библиотеките на основните училишта „Блаже Kонески“ и „Ацо Шопов“ и на библиотеката на читалиштето „Славко Јаневски“ во Скопје, именувани по основоположниците на македонската писателска асоцијација.

(В.И.И.)

#



Останати вести
Праизведба на „Ана Kомнена“ во театарот „Џинот“ во Велес
Вечер на македонската поезија и ликовната уметност во KИЦ Софија
Берово прогласен за Град на културата за 2017 година

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести