период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Актуелно
Датум: 11.01.2017, 17:50

ВО ХОЛАНДИЈА СЕ САМОУБИ СРЕДНОШKОЛЕЦ ИМИГРАНТ, ТРПЕЛ НАСИЛСТВО ОД СОУЧЕНИЦИ

Сонував среќен животот со семејството

„Сонував да ставам видеа на ’Јутјуб’ и да пеам. Да имам убав живот со моето семејство. Но, не можев“.

Ова е прошталната порака на 15-годишниот Тарукшан Селван, кој извршил самоубиство за време на божикните празници бедејќи трпел насилство од своите соученици во училиште во Лимбург, Холандија. Полицијата сега го истражува целиот случај за тоа што точно придонело 15-годишниот ученик да се самоубие.

Семејството на Селван вели дека училиштето не направило ништо за да му се помогне иако било предупредено за проблемот.

Франк Шингс, раководител на школската група во Паркстад, вели дека е од интерес на сите околностите детаљно да се истражат.

- Доколку сме направиле грешки, треба да ги признаеме. Исто така, ќе земеме преведувач за да разговараме со родителите зашто тие не зборуваат холандски - изјави Шингс за НОС.

Сестрата на Селван рече дека брат ~ бил цел на онлајн-силеџиство преку „Фејсбук“ откако неговите родители престанале да му даваат џепарлак. Причината за таквата семејна мерка била што нивниот сега покоен син купувал брза храна и подароци за своите соученици, а тие одбивале да платат за нив.

- Тие, наместо тоа, храната му ја фрлаа в лице, го навредуваа поради бојата на кожата - изјави сестрата.

Таа додава дека во онлај-пораките му велеле: „Не си способен да живееш, не те сакаме, посреќни ќе бидеме без тебе, скокни под воз, изврши самоубиство“.

Средношколецот пред седум недели се обидел да се самоубие за што разбрале полицијата, училиштето и општинските власти, но разговорите со претставниците на трите институции не дале никакви конкретни резултати.

- Тие го прашаа дали му е потребна помош, а тој рече - не. Тој имаше само 15 години, а тие го оставија сам - вели сестра му.

Според законот, училиштата мора да имаат соодветна стратегија против силеџиствотото. Од жешкиот детски телефон „Kиндертелефон“ велат дека таа линија не придонела во намалување на силеџиството. Според статистиката, во 2015 година 19 млади лица на возраст до 20 години извршиле самоубиство.

Булингот може да доведе до криминал

Принко Пејперс, експерт за интернет-комуникации, вели дека многу тинејџери не знаат дека силеџиството (булингот) може да доведе до криминал. Ова главно се однесува за случаи кога има закани до луѓето или кога станува збор за сексуални напади. За конкретниот случај тој вели дека можело да се искористи полицијата, на агентите да им се овозможело да почнат истрага и да им се кажело на учениците дека ќе сносат последици поради булингот.

За жал, за училиштата е тешко да препознаат ваков вид силеџиство затоа што не можете да ги проверувате онлај-контактите.

(Х.И.)

 

#



Останати вести
На македонските аеродроми лани минале 1,8 милион патници
Исклучениот далновод од Грција нема да ја остави Македонија без струја
Сибирската зима ги окова чамците во Дојранското Езеро
Од утре затоплување, нема нов поларен бран до крајот на месецот

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести