период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Во фокусот
Датум: 11.01.2017, 17:45

„МАKЕДОНСKИ МАНИФЕСТ“ ЗА АЛБАНСKАТА ПЛАТФОРМА

Еди Рама е новиот балкански Милошевиќ

Платформата на албанските политички партии во Македонија е во функција на продолжување на кризата кај нас, а ултимативните барања се најгруб политички тероризам, се вели во реакцијата на здружението „Македонски манифест“ за платформата на лидерите на албанските партии во Македонија.

- Барањата во албанската платформа се дрско уценувачки. Охридскиот рамковен договор е одамна исполнет над нормата и вклопен во Уставот. Основавме и паразитско министерство за негово исполнување, кое потроши купишта народни пари и за некои белосветски гробари на Македонија од сортата на Питер Фејт. Се бара крунска потврда за Албанците во Македонија како државотворен народ, иако, за жал, тоа е веќе факт уште од почетокот на деведесеттите. И тоа е случај без преседан во светот едно малцинство да се прогласи за државотворен народ - се вели во реакцијата.

За јазичната еднаквост „Македонски манифест“ смета дека Албанците во Македонија натстандардно ги уживаат јазичните права, а сегашниот притисок за двојазичност на целата територија се вклопува во филозофијата на хиената за целокупна албанизација на македонската територија.

- Тоа е целта и на Еди Рама, новиот балкански и европски Милошевиќ. Дебата за знамето, химната и грбот, барање што удира силеџиски врз изворните симболи -архетипови на македонскиот идентитет, со намера тој да се ликвидира - велат од „Македонски манифест“.

За вклучување на албанските политички команданти во преговорите за името со Грција се вели дека е безобразно и безумно барање. „Македонски манифест“ ним им порачува да ги држат што подалеку нивните валкани раце и намери од она што ни е најсвето - праизворот од кој пиеме животворна вода на нашето постоење.

- Врв на ирационалноста на албанските политички команданти кај нас е нивното барање за усвојување резолуција со која ќе се осуди геноцидот врз албанскиот народ во Македонија во периодот од 1912 до 1956, периодот во кој Македонците преживеаја неколку геноцидни потфати. Македонците на ова треба решително да кажат „не“, макар и по цена на заканата за нова 2001, која е очигледна во поттекстот на албанската платформа. Тоа треба да биде последен сигнал за цврста кохезија на Македонците за одбрана на своите национални интереси, име и идентитет. Оти Македонија е единствен пример во светот каде што една малцинска група бескрупулозно, за жал, со своите западни спонзори, го уценува мнозинството. Но, Запад допрва ќе ги собира горчливите плодови на неговиот мрачен експеримент со Македонија и Македонците, кои, иако со многу жртви, ќе се одбранат како што и досега многупати се одбраниле во неблагонаклонетата историја - се вели во реакцијата од „Македонски манифест“.

На крајот „Македонски манифест“ ги повикува албанските политички лидери да ја повлечат својата и на Рама нереална платформа и да запрат со фрлањето отров во душата на обичните невини Албанци.

#



Останати вести
Ако РТ е пропагандна машинерија, тогаш што се ББЦ и ПБС?
Новата влада треба да има широка поддршка за спроведување на пржинскиот договор и реформите
Ахмети: 99 пати ќе размислиме, 100-тиот ќе пресечеме

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести