период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Метропола
Датум: 20.03.2017, 17:47

Генерално чистење на Гази Баба

На територијата на Општина Гази Баба во наредните пет дена ќе се реализира акција за чистење на населбите. За таа цел, градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, вчера одржа координативна средба со претставници од јавните претпријатија на Градот Скопје, секретарите на месните и урбаните заедници и со претставници од општинската администрација. На средбата беше изготвен план за активностите.

Kако што информираат општинските власти, во акцијата се вклучени јавните претпријатија: „Kомунална хигиена“, „Водовод и канализација“, „Паркови и зеленило“, „Улици и патишта“ и општинското Јавно претпријатие „Гази Баба“. Секое од нив, во својот домен, ќе врши расчистување и средување на населените места во општината, во координација со секретарите од месните и урбаните заедници и со претставниците од Општината.

#



Останати вести
Градот Скопје финалист за наградата на Европската недела на мобилност
Донација - проектор, лаптоп и платно за училиштата во поплавените подрачја
Улицата ја има во планот, но Центар ќе ја стопира изградбата со жардиниери

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести