период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Свет
Датум: 10.01.2017, 16:11

НОВИ БЕЗБЕДНОСНИ МЕРKИ

Германија со електронски белезици ќе ги следи мигрантите - потенцијални терористи

Германија размислува да ги мониторира потенцијалните терористи со електронски белезици, дури и ако тие не се осудени за кривично дело, а постои можност и за одредување притвор ако земјата на потекло на осомничениот терорист одбие да го прими назад, пренесува германски „Локал“. Германскиот министер за правда, Хеико Маас, вчера разговара за ова прашање со полициски началници и другите министри по божикниот масакр со камион во Германија, во кој загинаа 12 луѓе, а 48 беа повредени.

- Мора да сториме с` за да можеме на прв поглед да ги идентификуваме потенцијално опасните лица, дури и пред можната судска пресуда. Затоа, не смее да постои табу за употребата на електронските белезици - рече Маас.

Според процените, во Германија има речиси 600 крајно опасни потенцијални терористи што власта не може да ги обвини и осуди поради недостиг од конкретни докази, а не може ни да ги следи постојано поради недостигот од работна сила и средства. Законот во Германија во врска со употребата на електронското означување е променет лани летото по нападот со секира во воз и подоцнежниот самоубиствен бомбашки напад од страна на поддржувачи на Исламската држава. Но, според него, само луѓето што биле уапсени и ослободени со кауција треба да бидат електронски означени. Маас сега сака законот да се применува кај сите потенцијални терористи што се кријат меѓу повеќе од милион бегалци што дојдоа во Германија во последните 18 месеци.

Електронските белезици се само една од пакетот мерки за безбедност што се разгледува по божикниот масакр. Една од мерките ќе ~ даде на полицијата право да ги апси и задржува во притвор поединците осомничени за загрозување на јавната безбедност, дури и ако не се откриени директни конкретни планови за напад.

Министерот за внатрешни работи, Томас де Маизиер, минатата недела го претстави предлогот за зајакнување на безбедносните мерки во земјата, вклучувајќи воведување видеонадзор во земјата во која приватноста најжестоко се штити, централизирање на разузнавачките служби и создавање центри за депортација во кои ќе се сместуваат одбиените баратели на азил додека Германија не врати во нивните матични земји.

Министерот Де Маизиер и вицеканцеларот Сигмар Габриел ја поддржаа и идејата за потенцијални санкции, односно за намалување или укинување на помошта за разво, што Германија ја дава на земјите што ќе одбијат да ги примат назад одбиените азиланти.

- Тие што не соработуваат доволно не можат да се надеваат дека ќе добијат од нашата помош за развој - изјави Габриел во интервјуто за „Шпигел“.

Ова предупредување беше насочено особено кон Тунис, матичната земја на терористот Анис Амри, кој го изведе нападот со камион во Берлин, и кон северноафриканските земји во глобала. Германија го одбила барањето за азил на Амри во јуни минатата година, но Тунис првин негирал дека Амри е туниски државјанин блокирајќи ја со тоа неговата репатријација. Нов туниски пасош на Амри му бил издаден два дена по масакрот во Берлин. Неколку илјади државјани на северноафриканските нации, вклучувајќи ги и оние без никакви шанси да добијат азил во Германија, се во иста состојба без документи од матичната земја.

Томас Опермант, лидер на парламентарната група на централнолевичаркста СПД, посочи дека германската влада мора да изврши дополнителен притисок врз тие земји.

Меркел се залага за забрзана депортација

Германската канцеларка Ангела Меркел најави во понеделникот побрзи депортации на барателите на азил на кои им е одбиено барањето како одговор на терористичкиот напад во Берлин.

- Ужасниот напад во Берлин н` обврзува да не застанеме само кај најавите за поостри мерки, туку да испратиме јасна порака. Онаму каде што постојат закони, тие мора и да се применуваат. Оние што ја уживаат перспективата на долгорочен престој во Германија треба што поскоро да се интегрираат, а оние на кои не им е потребна заштита треба да ја напуштат Германија што побргу - Меркел и најави дека една од најважните задачи следните месеци ќе биде протерувањето на оние што престојуваат во Германија нелегално под мотото „Безбедност и слобода“.

Во врска со побрзите депортации, Меркел се надева на соработка на Бундестагот, Горниот дом на германскиот парламент кој ги застапува интересите на сојузните покраини. Покраините во кои власта учествува партијата на зелените досега спречуваа земјите од Магреб да бидат прогласени за безбедни земји, што би го олеснило протерувањето на државјаните од северноафриканските земји кои натпросечно се вклучени во криминалот и радикализмот.

#



Останати вести
Две третини од Швеѓаните ги сметаат САД како проблем за светскиот мир
Нападната полициска станица во Газијантеп, убиен еден од тројцата напаѓачи
Најмалку 25 загинати во двоен бомбашки напад во Kабул
Со постери со бурки против олеснување на натурализацијата во Швајцарија
Kирби: Неодговорно е да се покажат доказите за руското хакирање

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести