период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Економија
Датум: 10.01.2017, 16:21

ПОДОБРИ ОД ЕВРОПСKИОТ ПРОСЕK

Преку паметен телефон на интернет се поврзуваат 81 отсто од македонските корисници

Паметните мобилни телефони се главниот уред преку кој Македонците пристапуваат на интернет, а по нив следуваат десктоп-компјутерите, лаптопите и на крај таблетите. Во минатата година мобилен или паметен телефон за пристап до интернет користеле 81 отсто од македонските корисници, а овој процент кај лицата на возраст од 15 до 24 години изнесува дури 92 отсто. Споредбените податоците на домашната статистика и на Евростат покажуваат дека по овој параметар сме за малку подобри од европскиот просек, кој изнесува 79 отсто, како и од речиси половината земји членки на Унијата.

Последните податоци од Евростат покажуваат дека македонските сурфери користат повеќе уреди за да пристапат до интернет, но на повеќето од нив најомилени им се паметните мобилни телефони. По нив, најчесто се користат десктоп-компјутерите (59 отсто), па лаптопите (54 отсто), а со таблет се служат само 17 отсто.

Според европската статистика, мобилните или паметни телефони се најкористени уреди од страна на интернет-сурферите во секоја земја членка на ЕУ, со исклучок на Чешка, Естонија, Литванија, Полска и Словачка, каде што предничат лаптопите.

Во 2016 година најголем процент на интернет-корисници преку паметен телефон е забележан во Шпанија (93 отсто од оние што го користат интернет во текот на последните три месеци), па Kипар и Холандија (по 88 отсто), Хрватска (87 отсто), Велика Британија (86 отсто) и Данска (85 отсто). На спротивниот крај од скалата најниско учество е забележано во Република Чешка (55 отсто), по што следуваат Полска (60 отсто), Латвија (62 отсто), Литванија (63 отсто), Грција (66 отсто) и Бугарија, Франција и Словачка (по 71 отсто).



Меѓу земјите членки лаптопите се користат за сурфање на интернет од страна на најмалку три четвртини од корисниците на интернет во Холандија (80 отсто), Финска и Белгија (по 78 отсто) и во Данска (76 отсто), а десктоп-компјутери биле користени од страна на повеќе од две третини од корисниците на интернет во Унгарија, Луксембург и Романија (сите 68 отсто) и Германија (67 отсто).

И на крајот, таблетите се користат за интернет-пристап од страна на помалку од половина од интернет-сурферите во поголемиот дел од земјите членки, со исклучок на Холандија (66 отсто), Велика Британија (61 отсто), Данска (56 отсто), Германија (55 отсто), Луксембург (53 отсто) и Финска (52 отсто).

На ниво на ЕУ младите лица на возраст од 16 до 24 години најчесто користат мобилен или паметен телефон за пристап до интернет (94 отсто), како и преку лаптоп (71 отсто), а употребата на таблетот е најактуелно меѓу оние на возраст од 25 до 54 години (47 отсто).

Разлики во заштита на личните информации на светската мрежа

Може да се забележат разлики меѓу земјите членки на ЕУ во начинот на кој интернет-корисниците дозволуваат пристап до личните информации на интернет во 2016 година. Во најголем број членки најважно на корисниците им е да не дозволат употреба на личните информации за реклама, највисок удел е регистриран во Луксембург (72 отсто) и Финска (71 отсто), а европскиот просек е 46 отсто. Во Македонија 37 отсто од корисниците не дозволиле личните податоци да им се користат во рекламни цели.

Во ЕУ политиките на приватност ги читаат 37 отсто од корисниците, а кај нас 33 отсто. Пристапот до профилот или содржината на социјалните мрежи го ограничуваат 40 отсто од корисниците во ЕУ, а во земјава 41 отсто. Најмалку користена алатка за заштита на личните информации е ограничувањето на пристапот според географската локација, кој го користат 31 отсто од европските и 25 отсто од македонските интернет-корисници.

Марјан Блажевски

#



Останати вести
Четири нови електрични локомотиви ќе сообраќаат на македонските пруги
За пет години во странство префрлени добивки и дивиденди вредни 1,137 милијарда евра
Над една четвртина помалку туристи лани го посетиле Истанбул
Италија заплени имот вреден 23 милиони евра од поранешни директори на „Монте деи Паши“
„Роснефт“ ќе управува со 12 отсто од германскиот рафинериски бизнис
Тунис итно бара пазари за повеќе од 550.000 тони портокали
Kинеските девизни резерви паднаа на 3,01 билиони долари

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести