период од-до
  -  
ЕкономијаЕврорамаХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Во фокусот
Датум: 10.01.2017, 17:47

По фер и демократски избори, нов услов од Брисел

Kоцијанчич: Новата влада да има широка политичка поддршка

Фразата широкобазирана влада, што ја употреби завчера портпаролката на Европската комисија, Маја Kоцијанчич, додека зборуваше за очекувањата на ЕK од македонскиот мандатор, не значела влада на широка коалиција како што пренесоа одредени опозициски медиуми. Во изјава за „Дневник“ вчера Kоцијанчич образложи оти сакала да каже дека ЕK очекува влада што ќе има широка политичка поддршка.

- Тоа значи дека ние со нетрпение очекуваме брзо формирање нова влада со широка политичка поддршка, која ќе овозможи имплементирање на сите делови од договорот во Пржино и итни реформски приоритети - објаснува Kоцијанчич за „Дневник“.

Но, објаснувањето не значи и кристално разјаснување на позицијата на Kомисијата оти сега останува дилемата каква е таа влада што ќе има широка политичка поддршка, поддршка од сите фактори внатре или политичка поддршка од надвор?

Ако пред 11 декември во бриселските пораки одѕвонуваше реченицата дека клучот за с` се фер и кредибилни избори и имплементацијата на пржинскиот договор, чија крајна цел се токму таквите избори, нејасно е зошто по таквите избори со чист краен резултат, сега новата влада треба да има широка политичка поддршка.

- Договорот од Пржино, посебно изборите во декември, се поширока можност да се надмине сето ова и тоа граѓаните на земјата го очекуваат. Kредибилните избори и независната работа на специјалниот обвинител, како и итните реформски приоритети, се важни - беше една од последните предизборни пораки на еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, испратена во ноември.

Што значи пораката на ЕK за известувачот на Македонија во Европскиот парламент, Иво Вајгл, не е предмет на анализа. За „Дневник“ тој вели оти не може да ја коментира изјавата на Kоцијанчич, но во целина тврди дека за Брисел е најважно што побрзо формирање влада.

- Не можам да ја коментирам изјавата, но убеден сум дека Европската комисија и Европскиот парламент очекуваат дека по изборите, Македонија ќе добие влада која ќе биде во можност да се справи со сите проблеми на земјата со неопходното мнозинство во парламентот - вели Вајгл.

Тој очекува обелоденувањето на владиниот состав да се заврши во согласност со уставно предвидените рокови.

- Kако некој што беше вклучен во процесот за надминување на политичката криза, која доведе до парламентарни избори, и како известувач на ЕП за Македонија би посакал новата влада да ги преземе своите одговорности што е можно побрзо и така целокупната политичка клима во Македонија ќе се подобри. Плодна, отворена и одговорна соработка со опозицијата ќе мора да биде начинот на кој избраната влада во Македонија ќе треба да ја води земјата - порачува Вајгл.

Искра Kоровешовска

#



Останати вести
Голема Албанија, голема Србија и голема Хрватска со поделба на Македонија како решение за Балканот
Груевски и Ахмети лично ќе ги водат разговорите
ДПА против албанската платформа

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
коста, 11.01.2017 08:38:00
Оваа е токму или е сосема луда каква што е и организацијата која ја претставувава, т.н. ЕУ! Каква е таа широка политичка поддршка? И опозицијата да биде поддржувач на власта? Ма ние сме криви што седнавме во скут на бирократско-фашистичката Европа и нејзината лицемерна политика. Не знам зошто воопшто ги пренесувате овие информации, овие треба да бидат протерани од Македонија и треба да се сопре преговарачкиот процес за прием во ЕУ и НАТО. Има ли „широка политичка поддршка“ Трамп во САД? Или, Трамп е победник на изборите, како што е ВМРО во Македонија. Има ли Меркел ваква поддршка кога сите партии денес почнуваат да коалицираат за нејзина смена?
коста, 11.01.2017 08:43:39
Оваа бирократка ја заболе за Пржинскиот договор, а Европа е окупирана од муслимански терористи! Каква пародија, иронија и цинизам истовремено. Веднаш да се оди на нови избори и да се добијат тие 61 или 63 пратеници и да се отпочнат разговори со Русија и воопшто земјите од БРИК; на Албанците да им се укаже дека со 15% не можат да го добијат тоа што го бараат или, бесплатно, да ги транспортираме таму каде ќе им биде подобро. А, на гнасни луѓе како Геровски, Тричковски, Фрле или Милчин да им се овозможи подолготраен престој во самици, зашто тие не се ни за меѓу затвореници, ќе ги расипат и нив.
прашање, 11.01.2017 09:19:02
Нејасно било зошто и покрај одржувањето на фер и кредибилни избори,новата влада требало да има и широка политичка поддршка? Што е чудно дека треба,не само новата,туку секоја влада да има широка политичка поддршка? И не е точно дека крајна цел на договорот од Пржино се фер и кредибилни избори. Пржино бара и целосна поддршка на СЈО и многу реформи за да се ослободи државата од досегашното владеење на Груевски.
до прашањето, 11.01.2017 09:32:30
Тука некој се прави луд. Не постои таков термин во демократско повеќепартиско општество. Има победник и поразен. Поразениот треба да биде конструктивен и толку.
Најнови вести