период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Сцена
Датум: 10.01.2017, 14:50

ОБЈАВЕНИ НОМИНАЦИИТЕ ЗА НАГРАДИТЕ БАФТА

„Ла, ла, ленд“ ја води трката со 11 номинации, „Пристигнување“ му е зад петици со 9

Музичката романса „Ла, ла, ленд“ ја предводи трката за наградите БАФТА со 11 номинации. Филмот кој во неделата освои рекордни седум статуетки на „Златните глобуси“ се натпреварува во речиси секоја категорија, освен во оние резервирани единствено за британски остварувања. Веднаш зад него следуваат научнофантастичната драма „Пристигнување“ и крими-трилерот „Ноќни животни“ со по девет номинации.

„Ла, ла, ленд“ и „Пристигнување“ конкурираат и за главната награда, најдобар филм, а друштво во категоријата им прават „Јас, Даниел Блејк“, „Манчестер крај морето“ и „Месечева светлина“. „Јас, Даниел Блејк“ е номиниран и за најдобар британски филм, заедно со „Американско срце“, „Одрекување“, „Фантастични ѕверки и каде да се најдат“, „Белешки за слепилото“ и „Под сенката“.

За наградата за режија се натпреваруваат Денис Вилнев за „Пристигнување“, Kен Лоуч за „Јас, Даниел Блејк“, Дамиен Шазел за „Ла, ла, ленд“, Kенет Лонерган за „Манчестер крај морето“ и Том Форд за „Ноќни животни“. За најдобар актер конкурираат Ендрју Гарфилд за „Гребен на спасот“, Kејси Афлек за „Манчестер крај морето“, Џејк Џиленхол за „Ноќни животни“, Рајан Гослинг за „Ла, ла, ленд“ и Виго Мортенсен за „Kапетан Фантастик“. Во женска конкуренција номинирани се Ејми Адамс за „Пристигнување“, Емили Блант за „Девојката во возот“, Ема Стоун за „Ла, ла, ленд“, Мерил Стрип за „Флоренс Фостер Џенкинс“ и Натали Портман за „Џеки“.

Арон Тејлор-Џонсон, Дев Пател, Хју Грант, Џеф Бриџис и Махершала Али се натпреваруваат за наградата најдобар актер во споредна улога, а за истата награда во женска конкуренција се номинирани Хејли Сквајрс, Мишел Вилијамс, Наоми Херис, Никол Kидман и Вајола Дејвис. Доделувањето на наградите ќе се одржи на 12 февруари во Лондон, а церемонијата ќе ја води Стивен Фрај.

 

#



Останати вести
Соработувам со вистински шпиони на ЦИА
„Рушевини“ е моја лична приказна
Скопското трио „Планктонс“ на 27 јануари во МKЦ
Ќе ја потсетам публиката на заборавените македонски песни

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести