период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаСпортОмнибусОтворенаСценаАктуелноВо фокусот Здравје
Актуелно
Датум: 23.09.2012, 18:20

ЧЕСТВУВАЊЕТО НА KУМАНОВСKАТА БИТKА Е ПОТСЕТНИK НА МАKЕДОНСKАТА ТРАГЕДИЈА

Ако Србите слават на Зебрњак, тогаш да ни го забрануваат „Прохор Пчињски“

Историчарот Никола Жежов наведува дека пандан на одбележувањето на Kумановската битка треба да биде можноста Македонија да го одбележува историското Прво заседание на АСНОМ во манастирот „Свети Прохор Пчињски“, кој сега е на српска територија

Бранко Ѓорѓевски

Чествувањето на 100-годишнината на Kумановската битка од Првата балканска војна што наскоро ќе се организира на српско-македонско државно ниво не е спорно, но не може да се заборави дека во неа и во војната што се случила потоа македонскиот народ ја доживеал својата најголема трагедија - распарчувањето на етничката територија.

Вакви се реакциите на македонските историчари по најавата дека на 28 октомври кај спомен-обележјето на Зебрњак ќе се организира чествување на оваа битка, во која српската војска ја победила турската армија во војната на балканските сојузници против Отоманската Империја.

Според најавите, српската држава планира прослава од поголеми размери и на која, најверојатно, ќе присуствува новоизбраниот српски претседател Томислав Николиќ. Засега с` уште не е познато на какво ниво ќе биде застапена македонската страна. Српското министерство за дијаспора уште во март годинава најави дека оваа прослава ќе се одржи во соработка со македонската држава и организациите на Србите во Македонија. Ваквите прослави, во помал обем, се одржуваа и досега во организација на српската заедница и на српската амбасада во нашата земја. Во изминатите три години на чествувањето, во име на македонската Влада присуствуваше Драган Недељковиќ, заменик-министер за култура, функционер на Демократската партија на Србите во РМ, партнер во владината коалиција. С` уште не е познато каква иконографија ќе биде применета на свеченоста.

Историчарот Никола Жежов наведува дека своевиден пандан на одбележувањето на Kумановската битка треба да биде можноста Македонија да го одбележува историското Прво заседание на АСНОМ, одржано во 1944 година во манастирот „Свети Прохор Пчињски“, кој сега е на српска територија.

- Но, тоа е политичко прашање за кое треба да се најде заеднички јазик и околу кое треба да се договорат државните институции - вели тој.

На сите досегашни меѓудржавни средби српската страна објаснуваше дека проблемот со тоа чествување е односот на Српската православна црква, во чија сопственост е манастирот.

Одбележувањето на годишнината на оваа битка е чувствително за македонската страна бидејќи резултатот на двете балкански војни практично бил распарчување на територијата на етничка Македонија меѓу соседните земји - Србија, Грција и Бугарија. Тогашните режими во овие соседни земји веднаш почнаа со систематско негирање на македонскиот народ, спроведувајќи политика на денационализација и асимилација. Истовремено, со резултатите од овие две војни поразени се надежите на македонскиот народ дека со ослободувањето од турската власт ќе се формира автономна или независна Македонија. Наспроти ова, во историографиите на соседните земји што учествувале во војните најчесто се наведува дека тие имале „ослободителен“ карактер, при што македонскиот народ воопшто не се споменува.

- Kако држава и досега сме покажале толерантен однос кон одбележувањето на спомените од војните. Да потсетам само дека пред неколку години беа уредени бугарски воени гробишта во нашата земја. Од таа страна, сметам дека и со ова чествување како држава ќе покажеме дека се однесуваме најразумно и дека не придонесуваме за поделбите и дека не ги нарушуваме добрососедските односи. Значи, нема да биде спорно нашето присуство на одбележувањето, а трагичните последиците од овие војни не треба да се заборават - вели Жежов.

Тој објаснува дека во историската наука не постојат никакви дилеми околу тоа што се случувало во балканските војни.

- Околу нив нема контроверзии и науката си го кажала својот збор. Тие војни беа најголема трагедија за македонскиот народ. Во нив Македонците влегле со надеж дека ќе добијат автономна и независна држава. Но, на крајот, по Лондонскиот и Букурешкиот договор, доживеавме трагедија. Нашите доброволци учествуваа во редовите на српската, бугарската и грчката војска со таа надеж. Но, на крајот сите надежи беа изневерени. Затоа, ние не можеме да ги славиме тие војни, оти тие се претворија во војна за освојување нови територии од страна на соседните балкански држави - потенцира Жежов.

Спроти почетокот на првата Балканска војна во 1912 година, тогашниот српски крал Петар Први Kараѓорѓевиќ упати прокламација на српскиот народ во која и Скопје се наведува како едно од историските јадра на Стара Србија и една од престолнините на династијата на Немањиќи. Во повикот уште се наведува дека таму живеат браќа на Србите по крв, јазик, обичаи, народна свест и стремежи. Сто години подоцна, односот кон балканските војни предизвикува и различен однос во круговите на српските историчари. Во српската историска литература на многу места може да се сретне дека балканските војни биле ослободителни и дека се воделе за ослободување на „Јужна или на Повардарска Србија“ и за „ослободување на вековните српски земји од турската окупација“. Во најавата за чествувањето на интернет-страницата на српското министерство за дијаспора се наведува: „по оваа битка српската војска влегла во Скопје, престолнината на царството Србија од 14 век“. Во организација на овие чествувања кај Зебрњак секогаш е вклучен и посебен Одбор на Владата на Србија за негување на традициите на ослободителните војни.

Пропаганда за балканските војни

Срѓан Милошевиќ, српски историчар од помладата генерација, во неодамнешното интервју за „Дневник“ потенцира дека лично смета оти балканските војни имале поинаков карактер од оној што им бил припишуван во пропагандата.

- Тие биле експанзионистички, но постоела и таа ослободителна компонента во толкав обем колку што биле доживеани како ослободување од страна на мештаните. Тоа е едно мерило. Друго, поважно мерило за нивната оцена е одговорот на прашањето што следувало по тие војни. Накратко, не би можело да се каже дека победниците можат да се пофалат со своите повоени резултати во кој било поглед - нагласи тој.

#



Останати вести
Македонските војници се вратија дома
Лекарите ќе протестираат за време на паузата
Пациентите побезбедни со JCI-стандардите

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
milos, 24.09.2012 03:01:02
pak srbite krivi haha ma daj nesposobnosta na edna drzava da napravi drzava uvek ja prepisuvaat na drugi...pa 20 godini dve partii ni ja pljackaat drzavata i ja izdavaat ..taka bilo i vo minatoto ! a ovie dvajca istoricari za koi prv pat slusame nemaat blage veze !
Наивност на историчарот, 24.09.2012 08:57:00
Историчарот Жежов е во голема заблуда ако очекува дека Македонија може да го слави Илинден и во Св. Прохор Пчински! Српската официјална политика декаративно го подржува барањето за прослава на заседанието на АСНОМ во спомнатиот манастир, но тоа го условува со согласност на СПЦ, чии ставови за МПЦ-ОА, Македонија и македонскиот народ се мошне добро познати! Но, дури и ако СПЦ даде дозвола за славење се поставува прашањето што и каде ќе слави мак. делегација, бидејќи сите обележја врзани за заседанието на АСНОМ се тргнати и најверојатно уништени, така што „прославата“ би се свела на посета на било кој манастир! Добро би било да се побара од државните органи на Србија да се побараат обележјата околу заседанието на АСНОМ кои постоеја во спомнатиот манастир до 1990 година. Само така може да се утврди вистинскиот став на официјална Србија спрема Македонија и македонскиот народ.
Petar, 24.09.2012 09:01:32
Samo edna mala razlika. Manastirot Prohor Pcinjski e crkoven imot a ne drzaven. Crkvata e odvoena od drzavata, nitu crkvata moze da i nalozi nesto na drzavata nitu drzavata na crkvata.
од внукот на Делчев, 24.09.2012 09:08:39
Македонскиот народ за време на балканските војни несамо што не бил ослободен,туку подпаднало уште во потешко српско ропство,а отогаш останала и маката по турското ропство со изреката,,Ех пусто турско каде си,,
Иван од Штип, 24.09.2012 09:09:41
Ако владава го дозволи славењето на Зебрњак односно влегувањето на српската окупаторска војска на местото на турскиот окупатор ВМРО-ДПМНЕ ќе изгуби 20-30 % од гласовите на идеолошките вмровци и нивните потомци. Не ми е јасно како ќе се спротивставиме на сегашниве окупатори и нивните чевствувања величејќи ги поранешните окупатори на сопствена територија со државни пари.
Milan Kumanovo, 24.09.2012 09:52:58
Do IvanStip:Sekako deka emalku cuvstvitelno toa slavenje a dali ne mislite deka e malku preterano ova sto sega se pravi so slavenjeto na Bugarskite vrhovisti..Vie vo Stip toa najdobro go znaete so panihida na Makedonskite Dejci.
Vlado, 24.09.2012 10:01:35
Mnogu me nerviraat nashive istorichari so onaa prikazna deka makedoncite bile izlazani vo 1912 bidejkji ne im ja ostavile drzavata nim posle osloboduvanjeto od Turcija, bla, bla, bla....Vistinata e deka stotici iljadi makedonci se borele dobrovolno i isklucivo vo bugarskata armija, a ne vo srpskata ili grckata. Makedoncite ocekuvale i se nade deka Bugarija kje pobedi vo taa vojna kako shto i se slucilo od 1915-1918 godina koga Bugarija vladee so cela etnicka Makedonija. Rasparcuvanjeto doagja od 1918 godina so pomosh na stranskite sili Francija i Velika Britanija. Nashive istorichari se katastrofa!
кочо, 24.09.2012 10:37:59
Тогашните режими во овие соседни земји веднаш почнаа со систематско негирање на македонскиот народ - Македонски народ в 1912 г.!?
Bulgaria, 24.09.2012 10:49:34
predavnicite da slavat. nie ke se vratime eden den.
mile, 24.09.2012 10:57:35
malku sakame pola grcija pa sega udrivme i na srbija masla vo fantazija se do belgrad..a tuka albancite veat znaminja himna na tudja drzava vo moeto kumanovo otvorija posebno oddelenie za pasosi daleku od zgradata na mvr i 100% vraboteni albanci isto kako da si vo albanija a za prohor sonuvame da e vo ramki va opstina kumanovo a samoto kumanovo se pvece lici kako da e vo albanija..
Велешанин, 24.09.2012 11:06:34
Да одите од редакциjaта сите во Београд при Николич да станете прави срби.
Зевзекмен, 24.09.2012 11:15:43
друг е проблемот...србите слават ослободување на Куманово од турците, а всушност добивме наместо турско српско поробување. Ако Србија по победата над Турција и дадеше на Македонија барем Автономија, а што можеше бидејќи многу македонци учествуваа во таа борба против Турција (единствено албанци од Косово војуваа на турска страна), тогаш во ред ќе беше да го славиме Зебрњак исто како и Илинден, Асном, 11 Октомври, 8 Септември... а некој пак мислат да останеше тука до Прва светска војна Турције, без борба ќе дадеше автономија и на Босна и на Македонија... .. а потпаѓањето на многу македонци под бугарска пропаганда е пак грешка на српската политика која не ги штитеше македонците од фрчкиот терор поради српско -грчкото лоби. Кратки и слаби беа српските амбиции за воспоставување на словенска држава на територија каде словените (македонците беа доминантни), а тука влијаеше и ситуацијата со повлекување на српската војна преку Албанија на Крф. како и да е, Куманово 1912 не е Ослободено т
ACe, 24.09.2012 11:16:35
Srbite treba da priznaat i da ni dadat spisok kolku makedonci vo toa vreme bile regrutirani i se borele za nivni interesi, a za vozvrat ne dobila ovaa zemja nisto. Pa mozebi ova bitka od kumanovska ke treba da se prekrsti vo Makedonska Bitka.Da im se zablagodarat na semejstvata i na nasata nacija za se sto imame za niv napraveno. A koga stanuva zbor za lugeto koj go dadoa zivotot za ovaa zemja treba da gi prebroime i nasite mrtvi vo skrpskite voeni grobnici vo Solun. Se nadevam nasata drzava konecmo ke pocne da se grizi za svoite gragjani i da gi stiti svoite interesi.
Јован, 24.09.2012 11:39:34
Нека ми одговори Жежов зошто како Хрват сум за ВМРО, но правото не на овој Демостен
sydney, 24.09.2012 11:47:39
do VLADO ne lupaj koga ne znaes bratot na mojot dedo e zemen od spienje od bugarite so sila i nikogas poveke ne se vratil doma a ostovil sest meseci storo bebe i zena .toj e eden od iljdnicite Makedonci koi bile odvedeni od srbite bugarite ili od grcite.Vo nivnite arhivi ne se ni zavedeni kakoMakedonci i zatoa nikoj ne znae tocno kolku Mak. ima zaginato za tugi interesi
SAD, 24.09.2012 12:16:25
На која страна се борат членовите на ВМРО - Ѓорче Петров, Јане Сандански,Христо Татарчев, Димитар Влахов. Каде се нашите национални херои Крсте Мисирков и Димитрија Чуповски во ова време
Димитар, 24.09.2012 12:28:21
Ако во време на владеење на ВМРО-ДПМНЕ се случи прослава поддржана од Груевски за величење на српската окупација на Македонија целото мое семејство ќе гласа против оваа србоманска гарнитура на ДПМНЕ, а книшките од партијата јавно ќе ги објавам на јутјуб како горат!
rajko, 24.09.2012 12:51:58
samo lupata zosto makedonia osvoena vo 1912g pa vo toa vreme nikoj nese izjasnuval za makedonec se identifikuvale za bugari a mal del za srbi,tatkomi ima 80god velit vo 1912g babamu se tepala so srbinki za mesto vo crkvata vo kumanovo vo nedelnite mesi jasno se delle na bugarki i srbinki nikoj neznaeal sto e toa makedonec.
kajo, 24.09.2012 13:01:30
do zevzekmen nikogas albancite ne vojuvale so turcite tako tije kad ucis srpsku istoriju
В. Кратовалиев, 24.09.2012 13:11:04
Верувам дека нашите, македонски власти можат, а и знаат за меѓудржавно реципрочно однесување. Ако нема чествување на македонски значајни датуми и настани во Србија, тогаш нема ни српски во Македонија.
do sydney, 24.09.2012 13:26:40
Taka te lazel dedo ti? Sedi si tamu i uzivaj. Ostaj ne nas vo Stari Kraj:)
tile, 24.09.2012 13:29:05
Po kpomentari ne ni zasluzuemo da smo u 21 vek
Санде Пожарникарот, 24.09.2012 14:01:05
Најлошо за историјата кога сите се историчари.Особено оние кои не прочитале ни една книга,на пример,внуците на ГД, Аце и сл. од портокалова провиниенција. Браќа коментатори историјата не е магаре па секој да ја јава.За историја треба многу,многу повеќе,покрај другото, памет,реалност и образ... Да не должам.Еве една изјава на Слободан Пенезиќ при посетата на гробницата на српските војници на Кајмакчелан.Гласи,вака некако:СВЕ ДОК ЈЕ СТИГЛА СРПСКА ЦОКУЛА ТО ЈЕ ОСТАЛО ОД МАКЕДОНИЈА! А што велите браќа коментатори?
Најнови вести
 
-->