период од-до
  -  
ЕкономијаЕврорамаХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Свет
Датум: 11.01.2017, 17:41

Прва наЈстрога казна за злосторство од омраза

Расистот што уби девет Афроамериканци осуден на смрт

Американецот Дилан Руф вчера беше осуден на смртна казна за убиство на девет луѓе во Чарлстон во Јужна Kаролина во 2015 година. Руф во 2015 година уби девет Афроамериканци во црква, а неговото злосторство било поттикнато од расна омраза. За време на изнесувањето на завршните аргументи на судењето, во кое Руф (22) беше обвинет по 33 точки, тој не покажувал никакво каење поради масакрот и тврдел дека жртвите не ги убил од омраза.

- Мислам дека никој при здрав памет на сака да оди во црква и да убива луѓе. Му реков во ФБИ дека морав тоа да го направам, но тоа не е вистина. Не морав. Никој не ме принуди. Она што сакав да го кажам е: чувствував дека тоа морам да го направам. С` уште тоа го чувствувам. Секој, вклучувајќи го и обвинителството, што мисли дека сум исполнет со омраза не знае што е тоа омраза. Тие не знаат ништо за омразата - додал тој.

Обвинителството тврдело дека Руф го планирал убиството со месеци така што првин напишал расистички манифест и потоа намерно ја нападнал црквата во која најмногу одат Афроамериканци. Потоа купил пиштол „глок“ со 88 куршуми за својот роденден. Објасниле дека 88 е нумерички симбол за „Хајл Хитлер“.

Масакрот во црквата во Јужна Kаролина предизвика шок во јавноста и ја покрена дебатата за односот кон расизмот и користењето на знамето на Kонфедерацијата во таа држава. Поради оваа трагедија, донесена е одлука знамето на Kонфедерацијата по 50 години да биде тргнато од зградата на парламентот.

Станува збор за прв случај во кој некој е осуден на смрт поради злосторство од омраза.

#



Останати вести
Унгарија тргнува против Сорос
Во Париз регистрирани 17 радикализирани полицајци
Полицијата во Брисел преку часови за исламот ќе гради пристојни односи со муслиманската заедница
Ирачки командант тврди дека Мосул ќе биде ослободен за три месеци
ЦИА вмешала прсти во повеќе од 80 избори во странски држави

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести