период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Отворена
Датум: 20.03.2017, 15:27

ПУНКТАЦИИ

Сакаат да калемат здраво дрво

Уставот на Белгија го читав во времето на кризата 2000-2001 од причини што некои политичари сакаа белгиски решенија да вметнат во Охридскиот договор. Иако многу елементи од белгискиот федерален модел се избегнати, некои делчиња како радиоактивна прашина влегоа во Рамковниот, кои потоа се преточија и во Уставот. На пример – заедници. Но, тоа тогаш требаше да се разбере како компромис постигнат меѓу двете страни – македонската, од една, и албанската, од друга. Иако Охридскиот се обидува да ја зацементира унитарна Македонија, сепак веднаш зад нејзините порти е отворена една опасна дупка наречена – етнички заедници. „Дневник“ тогаш се огласи со коментар дека не го мириса Охридскиот, но ќе го прифати, а и од некои релевантни невладини организации стигнаа мислења дека е тоа лош договор, договор-мутант, договор што е неприфатлив, за денес да се најдеме токму зад портата. Значи пред – дупката! И тоа за кратко време.

Е па, значи Белгија, држава што има речиси идентично знаме како Германија, само треба да го знаеш распоредот на боите. Јас сум од тие што на прва грешат.

Уставот на Белгија вели: Член 1 – Белгија е федерална држава сочинета од заедници и региони; Член 2 – Белгија е сочинета од три заедници: фламанска заедница, француска заедница и германска јазична заедница... Kој сака нека го прочита целиот устав, го има на интернет, можеби некому ќе му биде интересен делот за тоа како се одлучува во федерална Белгија.

Највисокиот закон е донесен на 7 февруари 1831 година откако Белгија прогласува независност и станува уставна монархија. На 14 јули 1993 година значително се менува Уставот од 1831 година при што се менува формата на владеењето во Белгија која од унитарна држава станува федерална. Белгија, е значи уставна монархија. Со неа владее кралот, сега тоа е Филип, па ако згусти, тој е лепилото на поделената нација (59 проценти холандско јазично подрачје, 40 проценти француско). Ако мислите дека и Елизабета Втора е синононим за „англиска кралица“, демек нема формална власт, само потсетете се дека токму таа го потпиша указот со кој се одобрува активирање на преговорите за брегзитот.

Белгија има 46.000 долари приход на жител (Македонија, која некои ја токмат за кандидат за федерализација има 4.800 долари и редно е да се надевам дека токму федерализацијата ќе ја вивне Македонија меѓу најбогатите земји во Европа и пошироко). Белгија е седиште на НАТО и на Европската Унија. Во Генк, Белгија, е роден и Питер Ванхоуте, новинар и политичар, од сите разбран и сфатен, само не и од ВМРО-ДПМНЕ?! Барем така објави тој самиот. Тоа, сепак и не е мала работа, ако најголемата партија во државата ви вели дека не го разбира што сакате, или едноставно не ги сака повеќе неговите услуги како посредник, советодавач или што и да е. Толку беше со Ванхоуте – туркаше до кај што туркаше, за што си земал плата, и енде. Секое давање совети и расчистување од типот што сакав да кажам е во најмала рака непристојно. А, во услови кога во Македонија се крчка политичката криза, тоа значи не само додавање масло на огнот, туку и дотурање мирудии во манџата и тоа мирудии кои еднаш биле отфрлени. Му било кажано – не ги сакаме, не ни требаат. Проблемот е што Ванхоуте цврсто зазел страна чии интереси ќе промовира во Македонја, но тоа не сака да го признае. Вели федерализмот треба да придонесе да се избегне авторитарен систем, при што ВМРО ја дефинира како авториатарна партија што е селективно гледано на нештата. Во Македонија сите партии се изградени според еден ист модел, по еден ист урнек, такви се регистрираат пред органите и сите се авторитарни. Тоа е наша автохтона придобивка, или ти, наследство од социјализмот.

Но, кој, каков феделаризам да ~ се насади на Македонија? Белгиски, австриски, босанско-херцеговски, венецуелски...?Или, можеби како што некој рече, а можеби сакал и да цитира – Швајцарија на Балканите? Што од ова да им се накалеми на Македонците? На времето некој предлагаше славо-албанска држава, при што под славо би требало да разбираме Македонци. Иако, овде веќе подолго време токму Албанците се тие кои зборуваат, пропагираат и настојуваат да спроведуваат етноцентризам, и постојано се занимаваат со идентитески прашања, а Македонците погрдно ги нарекуваат Славо-Маќедонас без око да им трепне. Kој ги учи на овие глупости, не ми е познато, иако еден од нивните ментори се огласи како премиер на Албанија, Еди Рама, кој не може да си го среди хаосот во сопствениот двор, а дава совети како да ја „реши“ Македонја.

Проблемот е што Македонија не постои од 2001 година, кога светот ги откри Албанците од Македонија, иако можеме да зборуваме за историски процеси кои имаат некаква врска со распаѓањето на македонската империја, односно ако сакате на Византија (за која нема историска тапија дека некогаш со такво име постоела) или на Отоманската империја. Проблемот е што Македонија постои со векови и затоа ќе биде неверојатно таа да се клекне за последна егзекуција, без разлика во чија рака е сабјата. Ако нејзиното егзистирање се земе како општ цивилизациски и историски факт, што е неизбежно ако се мисли со здрав разум, тогаш најдобро е тој аргумент да се земе предвид во овие денови на искушение, кога ќе се прават обиди да се реши кризата. Kога Македонецот сега ја помоинал портата и се наоѓа пред дупката, а некои му преговараат зад грбот, јасно е дека инстиктот за опстанок ќе биде посилен од с~. Ако ова дома не можат или не сакаат да го видат, и ако четворката од ЕУ заедно со Јоханес Хан денес го стават во графата – „небитно“ – нештата навистина ќе отидат многу подалеку отколку што и најпесимистичните аналитичари и пророци сметаат дека ќе се случат. На маса треба да се стави нормална политичка платофрма, планови кои во фокусот имаат вистински рефроми, а не редефинирање на државата, планови за економија на брзи патеки, за брзи реформи кои имаат суштинско значење за иднината на сите, а не етно-колективни формули. Зборувам за државна политика и за национални интереси, а не за партиски. За почит кон една независна, суверена, демократска Македонија, земја со долга историја, традиција и култура. А, не ад хок земјиче за експерименти. Заврши таа прикаска.

Христо ИВАНОВСКИ

#



Останати вести
Kарта на Балканот, влез во Пеколот
УСАИД прв донатор на Сорос во Македонија

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Напалм, 21.03.2017 01:02:05
Доста беше мешање од невладини организации,забраните го тоа ѓубре.тие само пари љубат.
Tunta Kosturski, 21.03.2017 09:09:08
Etničkite zaednici vo Makedonija se realnost koja postoi so vekovi, a pogolemiot broj od niv se avtohtoni vo nea: Vlasi, Srbi, Romi, Turci, Bugari, Grci, Albanci... Ponekogaš se narekuvaa nacionalnosti, nekogaš nacionalni malcinstva, no tie se prisutni otsekogaš.
Најнови вести