период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Актуелно
Датум: 18.05.2017, 18:02

ПО ПРЕДЛОГОТ НА ШЕФОТ НА ДРЖАВАТА

СДСМ и Беса не сакаат да слушнат за амнестија, другите молчат

Идејата на шефот на државата за амнестија на учесниците во инцидентите во Собранието на РМ против кои се водат судските постапки тешко дека ќе биде прифатена од страна на сите парламентарни политички партии. Ова произлегува од првичните реакции на партиите кои го сочинуваат парламентарното мнозинство и кои изјавија дека за такво нешто не само што не се размислува туку и дека е неприфатлива аргументацијата и споредбите од минатото.

Познато е, претседателот Ѓорге Иванов по доделувањето на мандатот за состав на влада на лидерот на СДСМ Зоран Заев, нагласи дека ова е почеток на излезот од политичката криза, но оти за да се постигне целосен успех неопходно е македонско-македонско помирување. Заради ова, тој им порача на партиите дека е неопходно помилување, односно амнестирање што ќе се спроведе преку Собранието.

-Ако можевме 2001 година, кога имавме македонско-албански конфликт, да амнестираме воени злосторници, зошто сега лидери на партии, едни во јавното обвинителство, другите во специјалното обвинителство, да не бидат помилувани за да се помират, порача Иванов во прексиноќешните интервјуа за телевизиите „Kанал 5“ и ТВ „Нова“.

Притоа како што нагласи тој, мора да е јасно дека помилувањето не го опфаќа конфискувањето на нелегално стекнат имот и правата на трети лица.

-Секој што сторил зло дело, амнестијата не го ослободува. Таа беше во функција на помирување, да можеме да ја надминеме кризата што тогаш ја гледавме со сета нејзина длабочина и сериозност. Затоа, не можеме да го споредуваме тоа со ова што се случи во Собранието, рече претседателот.

Во СДСМ вчера ни изјавија дека за амнестирање засега не се размислува.

- Во овој момент не сме разговарале на темата за помилување, но најверојатно истата нема ниту да биде ставена на дневен ред оти не е логична. Не може да се дозволи амнестирање на луѓе - насилници кои влегоа во Собранието за да убијат. Не смее тоа да помине оти ако градиме правна држава, насилниците и тие што тоа го поттикнаа треба да одговараат пред институциите, велат од СДСМ за „Дневник“.

На линија на неприфаќање е и движењето Беса.

- Споредбата на борците на ОВK со насилниците на Собранието на 27 април е тенднциозна. Не треба да има амнестија за криминалците и насилниците, вели за „Дневник“ Фатон Фазлиу шеф на Kабинет на лидерот на Беса, Билал Kасами.

На истото прашање одговор не добивме од партијата на Али Ахмети, како ниту од „Алијансата на Албанците“, предводена од Зијадин Села. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, ни изјавија дека за таа идеја с` уште немаат коментар. Инаку, за да се изгласа амнестија во парламентот, потребно е позитивно изјаснување на просто парламентарно мнозинство.

Искра Kоровешовска

#



Останати вести
Рама и Баша се договорија - избори на 25 јуни?
Јунска трка за 35.000 места
Илиевски: Евтин обид една несреќа да се прикаже како мое злодело
Нема притвор за Kочан, судот прифати кауција од 875.298 евра
Судењето за насилството во парламентот одложено за 23 мај
Борисов: Со новите колеги ќе направиме европски план за Македонија
Ахмети бара осум, Заев дава пет министерства

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
http://adiblogmk.com, 18.05.2017 22:58:21
ce im se vrati toa kako bumerang ,Zhivotot e surov mozhda ce se podzabavi ali ce ti vrati so istamera
porano ili pokasno Sekoj dobiva spored zaslugite, 18.05.2017 23:00:03
Teroristite NIKOGAS ne treba da se sporeduvaat so kriminalci i ulicni nasilnici. Za niv USA vo 2001 otvori novo poglavje vo svetskata istorija po padot na kulite bliznacki.
RAZOCARAN VMRO-VEC, 19.05.2017 02:16:30
ZA NASILNICI I KRIMINALCI OD BILO KOJA NACIONALNOS I POLITICKA PARTIJA AMNESTIJA NE TRBA DA IMA A P[REDSEDATELKAKO VAS VEDNAS TREBA DA SI PODNESETE MORALNA OSTAVKA ZA DOBROTO NA GRAGANITE.
do VMRO, 19.05.2017 05:24:13
Nemate se ushte komentar zatoa sto ako kazhete deka ne treba da se amnestiraat,se plashite deka kje vi se nalutat vashite chlenovi,a ako kazhete deka ste za amnestija,se plashite deka kje gi nalutite stranskite politichari od Zapadot.A mojot stav e deka ne treba da se amnestiraat,tuku mora da si gi snosat posledicite zatoa sto so nivnoto nasilnichko odnesuvanje mu nashtetija na crveno zholtiot protest,pa duri mu nashtetija i na VMRO.Dobro e sto se vleze vo parlamentot,no ne smeeshe da ima tepanje i namesto da se tepaat,trebashe da se izbrkaat pratenicite nadvor i da se okupirashe parlamentot od narodot.
gjoko, 19.05.2017 10:17:55
A za teroristie ima amnestija. Vojna samo
Најнови вести