период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Актуелно
Датум: 11.01.2017, 17:51

ЕKСТРЕМНО НИСKИ ТЕМПЕРАТУРИ И НА ЈУГОТ

Сибирската зима ги окова чамците во Дојранското Езеро

Замрзнати палми и трски, чамци оковани во мраз, корморани и други птици се обидуваат да дојдат до храна и вода низ малобројните отвори во езерото, кое е речиси цело замрзнато. Ваква беше и вчера глетката на Дојранското Езеро, каде што деновиве минималната температура се спушти и до минус 28 степени.

Освен дојранци, оваа атракција со замрзнатото езеро дојдоа да ја овековечат и љубопитни гости од другите градови во земјата, иако малобројни, поради големиот студ. Ретко кој од нив се осмелуваше да „прошета“ по мразот од 42 квадратни километри пространото езеро. Дебелината на мразот е околу 15 сантиметри, а вчера и надворешната температурата се „зголеми“ на минус 5 степени.

- Не паметиме ваков студ да имало еве две децении. Ова е сибирска зима во Дојран. Речиси целото езеро е замрзнато, а среќа што има по некоја дупка во мразот за да може кормораните и другите птици да се хранат, да пијат вода и да преживеат, а рибите да може да дишат. Но ако се смири ветерот и тие отвори може лесно да замрзнат на ваков студ. Среќа е што веќе од петок се најавува потопло време, па нема да биде загрозен живиот свет во езерото. Вчудовидени сме од оваа глетка - раскажуваат дојранци, кои вчера напладне ги затекнавме покрај езерото.

Неколкупати се слушна и сирената на возилото на Итната медицинска помош, кое брзаше да им помогне на неколку итни случаи, а своевиден куриозитет е што деновиве има и забрана за движење на камиони на регионалниот пат за Дојран, поради навевите од снег, кои го отежнуваат движењето на возилата.

 

#



Останати вести
На македонските аеродроми лани минале 1,8 милион патници
Исклучениот далновод од Грција нема да ја остави Македонија без струја
Сонував среќен животот со семејството
Од утре затоплување, нема нов поларен бран до крајот на месецот

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести