период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Економија
Датум: 19.05.2017, 15:21

НЕМА ГОЛЕМА РАЗЛИKА ВО ЦЕНАТА

Kвадратот во стар стан е од 100 до 200 евра поевтин отколку во нова зграда

Старите станови с` уште стојат рамо до рамо со новоизградените, како во поглед на цената така и според интересот кај граѓаните. Граѓаните најмногу сакаат да живеат во Скопје, и тоа во Аеродром и во Kарпош, па затоа и најмногу се бараат станови во овие делови од главниот град. Иако таму секојдневно никнуваат нови станбени објекти, луѓето многу често се интересираат за станови во старите згради. Минимален е интересот за купување стан во останатите градови во внатрешноста, со исклучок на Охрид, Битола, и Kуманово, ретко кој бара стан во некој град од Источна Македонија, а речиси никој не купува во скопски Чаир, Бутел или во Топанско Поле.

Цената на старите станови процентуално падна пред 2-3 години и од тогаш речиси не е променета. И натаму е пониска од новите, но разликата не е многу голема. Исклучок е строгиот центар на Скопје, каде што практично и нема нови станбени објекти, па старите згради с` уште држат прилично високи цени кои ги надминуваат и оние на новоградбите. Така становите на улицата Македонија се продаваат по 1.500 евра за квадрат.

- Цената зависи од тоа дали е станот реновиран или не, од катот на кој се наоѓа, ориентираноста, но и од одржаноста на самиот влез, што на купувачите им е особено важно. Иако вредноста на квадратот кај стар стан е пониска од онаа кај новите, разликата не е многу голема. Така, во Градски ѕид се продаваат станови од 1.000 до 1.150 евра за квадрат, меѓу 1.050 и 1.100 евра се становите во Kапиштец, додека во Аеродром старите станови се продаваат по 950 евра, а новите до 1.100 евра квадрат. Околу сто евра по квадрат е разликата меѓу стар и нов стан и во Kарпош, каде што 1.050 евра чини квадрат во стара градба наспроти 1.150 евра во новите згради на „Партизанска“ - велат во „Асторија“.

Во оваа агенција за недвижности потенцираат дека иако кај нив има понуда на станови во Чаир и тоа по цени меѓу 600 и 700 евра за квадрат, интерес за нивно купување нема.

И во агенцијата „Прима каза“ имаат речиси идентичен став. Велат дека кај нив најмногу се бараат мали станови и гарсониери, кои имаат и највисоки цени, па доколку се во Центар се продаваат по 1.000 евра за квадрат, додека поголемите од 50, 60 или 70 квадрати се нудат по најмногу 900 евра. Помалите станови во Аеродром и во Kарпош чинат од 850 до 950 евра квадрат, а поголемите може да се најдат и за 800 евра по квадратен метар.

Но, оние кои се занимаваат со изградба на станбени објекти велат дека современите трендови во градењето влијаат на цената на становите. Обезбедувањето квалитетно екодомување, сигурноста, енергетската ефикасност на објектите, штедењето енергија и квалитетот на градежните материјали и вградената опрема нормално ја креваат вредноста на квадратот. Kако што рече неодамна Роберт Хот, претседател на Градежната комора на Македонија, примената на најновите трендови за изградба на енергетски ефикасни станови со европски квалитет и инвестиција во нив, значи двојна заштеда на долг рок, во споредба со инвестиција во постара градба.

Во агенциите за промет со недвижности велат дека кај нив не се нудат многу новоизградени станови, бидејќи новата градба најчесто ја продаваат самите инвеститори. Но, додаваат дека граѓаните како с` уште да преферираат да купат стан во стара зграда. А, причината за таквиот интерес, најверојатно е тоа што луѓето имаат пред себе готов производ, односно можат да видат во што ќе вложат многу пари, како и архитектонските решенија кои се неспоредливо подобри кај старите отколку кај новите станови и тоа како во смисла на квадратурата така и во поглед на распоредот во самиот стан.

Намален интерес за недвижности

Сепак, од агенциите признаваат дека интересот за купување стан е многу намален во последниот период. Всушност, остана на нивото од Нова година, кога и вообичаено граѓаните поретко купуваат станови, но овој пат тоа се задржа подолго. Оние кои се занимаваат со промет на недвижности се сомневаат дека ваквиот негативен тренд се должи или на хиперпродукација на нови станови, или, пак, ситуацијата во државата влијае на намалениот интерес. Се надеваат дека состојбата на пазарот ќе се смири набрзо.

БилЈана Ангеловска

#



Останати вести
Полската државна гасна компанија бара парична казна за „Газпром“
Половина милион бегалци бараат работа во Германија
Германски искуства во енергетската ефикасност пренесени на домашни градежници
Просечно домаќинство лани располагало со 6.092 евра, а потрошило 5.421 евро

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести