период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Спорт
Датум: 18.05.2017, 16:31

На повидок нова војна меѓу ФИБА и клубовите

Откако првиот човек на Евролигата, Жорди Бартомеу, изјави дека играчите на клубовите од Евролигата нема да бидат на располагање за потребите на националните селекции за време на квалификациите за СП 2018 кои стартуваат есенва, се јавија претставниците на Унијата на шпанските кошаркари. Оттаму велат дека во согласност со законот играчите мора да се јават на репрезентативниот повик.

- Евролигата не може да им забрани на играчите да настапат за репрезентацијата. Законот за спорт вели дека должност на играчот е да одговори на повикот на репрезентацијата за да учествува на интернационалните натпреварувања или на подготовките за нив - вели Рафаел Жофреса, генералниот секретар на Унијата.

Шпанците се првите што му возвраќаат на Бартоломеу, а наскоро ќе следува уште уште реакции.

Сево ова навестува нова војна на релација ФИБА-Евролига, што нема да биде ништо ново во овој спорт. Играчите веројатно ќе се најдат помеѓу чеканот и наковалната.

#



Останати вести
Kарпош соколи се враќа во „Јане Сандански“ да направи брејк
Гризман: Јувентус ќе стане европски првак, а Буфон ќе ја кренe „Златната топка“
Словенецот Балтиќ нов селектор на македонските одбојкари
Пристигна првиот од трите можни пехари сезонава во Торино
Миленковски: Битола заслужи по 16 години да се радува на трофеј

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести