период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Економија
Датум: 20.04.2017, 16:02

Проект за преквалификација и вработување ИТ-кадри

Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ во соработка со „Сивус едукативен и развоен центар“ и УСАИД/РЕГ-проектот ќе спроведе проект за преквалификација на кадри во кој може да бидат вклучени вработени и невработени лица до 35 години што немаат предзнаење од информатичко-комуникациски технологии.

Kрајната цел е учесниците во проектот да се стекнат со ИТ-вештини во една од двете предвидени обуки: Front-end web developer и NET developer, кои подоцна би ги искористиле во нивното идно вработување.

- По спроведената анализа помеѓу членките компании на МАСИТ, која покажа дефицит на овој работен профил, веднаш е пристапено кон организирање на ваков вид обука. Особено важно е тоа што по завршувањето на обуката учесниците кои успешно ќе ја реализираат, ќе добијат шанса за пракса во некоја од ИТ-компаниите. Kрајната цел е вработување на потенцијалните кандидати - соопшти МАСИТ.

 

#



Останати вести
Работилница за партнерство за подобра бизнис-регулатива
„Самсунг галакси С8“ и на македонскиот пазар
Турски ИТ и здравствени компании заинтересирани за инвестиции во Македонија
Во ЕУ најфалсификувани лековите, кај нас спортската опрема и чантите
5.000 туристи од Полска ќе се сончаат на охридските плажи

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести