период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Свет
Датум: 11.01.2017, 17:43

Во Париз регистрирани 17 радикализирани полицајци

Во редовите на полицијата во регионот на Париз во периодот меѓу 2012 и 2015 година се регистрирани 17 случаи на радикализирани полицајци, се вели во еден допис обелоденет денеска во книгата „Kаде се нашите шпиони?“

Авторите на книгата, новинарите Ерик Пелтие и Kристоф Дибоа, повикувајќи се на допис на Дирекцијата за безбедност на регионот на Париз, наведуваат дека феноменот на радикализација се зголемил во 2014 година.

Овие радикализирани полицајци се млади, кои се вклучиле во полицијата во средината на 2000 година преку внатрешните конкурси за вработување, а многу од нив биле поранешни офицери за безбедност.

- Сметаме дека во министерствата за одбрана, внатрешни работи и правда има стотина случаи на радикализација - им изјавил извор задолжен за следење на овие прашања на Дибоа и Пелтие.

 

#



Останати вести
Унгарија тргнува против Сорос
Расистот што уби девет Афроамериканци осуден на смрт
Полицијата во Брисел преку часови за исламот ќе гради пристојни односи со муслиманската заедница
Ирачки командант тврди дека Мосул ќе биде ослободен за три месеци
ЦИА вмешала прсти во повеќе од 80 избори во странски држави

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести