период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Култура
Датум: 20.03.2017, 16:29

„Плати со поезија“ во Скопје и во Велес за Светскиот ден на поезијата

Светскиот ден на поезијата денеска во девет кафе-барови во Скопје и во Велес ќе биде одбележан со акцијата „Плати со поезија“ - дел од глобалниот настан што се случува во повеќе од 1.400 кафетерии во 36 држави.

- „Плати со поезија“ има цел да го поттикне поетскиот дух кај сите, кога секоја година на ист датум се подарува уникатна можност испиеното кафе или чај да се плати со поезија – извор и валута на најуникатните човекови емоции – соопштија организаторите.

За време на „Плати со поезија“, посетителите на „Нола бар“, „Наргиле кафе“, „Ревија“, „Дион“, Backyard, Juice Bar, „Венето“, „Баду бар“ во Скопје и во „Чао кафе“ во Велес, ќе имаат можност да се дружат со македонски поети и да ги преточат своите емоции на парче хартија.

- Познатите автори што се вклучени како главни поддржувачи на овој настан, и оваа година ќе бидат во потрага по најкреативните неоткриени „поети“, кои ќе ги очекува несекојдневно и пријатно изненадување – најавија организаторите.

#



Останати вести
„Авантурите на Аладин“, прв детски спектакл во МНТ
Малиот Наум трета година едноподруго собира меѓународни награди за цртање

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести