период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Хроника
Датум: 20.03.2017, 16:24

Скопски разбоJници ограбувале и во Тетово

Гледале фудбал, па украле 5.000 евра од обложувачницата

Двајцата скопјани осомничени дека ограбиле три обложувачници, продавница и двајца таксисти во два дена во Скопје извршиле разбојништво и во спортска обложувачница во Тетово, информира МВР. Станува збор за Џемаиљ Ј. (21) и Гаши Т. (26), кои беа уапсени пред еден месец во Скопје. Kако што тогаш информира „Дневник“, „алфите“ го уапсиле Џемаиљ Ј. во една од скопските коцкарници во центарот на Скопје додека ладнокрвно трошел дел од речиси 700.000 денари украдени во грабежите. Полицијата тогаш против двајцата поднесе кривични пријави за разбојништво, како и за разбојништво во обид, а судија на претходна постапка им одредил мерка притвор во траење од по 30 дена.

Според новата кривична пријава, Џемаиљ Ј. и Гаши Т. на 16 февруари околу 23 часот ограбиле обложувачница на улицата Маршал Тито во Тетово. Разбојниците биле толку сигурни во себе што пред грабежот седеле во обложувачницата и гледале фудбалски натпревар. Откако објектот бил затворен, тие си заминале заедно со другите гости. Но разбојниците се вратиле пет минути подоцна и влегле во обложувачницата заканувајќи му се со пиштол на вработениот. Потоа од фиоката зеле 291.320 денари и избегале.

Два дена подоцна разбојниците биле уапсени.

Според полицијата, серијата кражби во едно деноноќие двајцата разбојници ги извршиле на 12 февруари годинава. Тие околу 17.30 часот во колонијална продавница „Арсо ДООЕЛ“ на улицата Самуилова, заканувајќи се со пиштол, од вработената зеле 13.700 денари од касата, по што избегале. Истата вечер околу 21 часот разбојниците го ограбиле Х.Ј., такси-возач, од кого одзеле 5.000 денари. Тие кај „Веро центар“ се качиле во такси-возилото на Х.Ј., од кого побарале да ги одвезе на улицата Менделеева во Гази Баба. Kога дошле на адресата, Џемаиљ го вперил пиштолот во Х.Ј. и му побарал пари. Таксистот се спротивставил, па разбојникот испукал еден куршум во воздухот, по што возачот им дал 5.000 денари колку што имал кај себе. Еден час подоцна двајцата се обиделе да ја ограбат У.М. на улицата Цветан Димов. Тие ја пресретнале жената пред зградата во која живее, па Џемаиљ заканувајќи ~ се со пиштол, ја внеле во влезот. Тој ја држел на нишан додека Гаши ја претресувал барајќи ~ пари. Таа почнала да вика „немојте, имам мало дете“ по што почнале да излегуваат соседи од зградата, а разбојниците избегале кон центарот на градот. Таму околу 22.45 кај зградата на Црвениот крст на РМ се качиле во таксито на А.Ч., од кого побарале да ги одвезе до Менделеева. Џемаиљ, пак, седнал до таксистот, па кога стигнале во Гази Баба, го извадил пиштолот и го вперил кон оштетениот. Таксистот се побунил, па разбојникот пак испукал еден куршум во воздух, по што А.Ч. им дал 1.500 денари, а му ги зеле и двата мобилни телефона.

Инаку, од МВР информираат дека од досегашните документирани сознанија двајцата разбојници биле препознаени од ограбените, а обезбедени се и снимките од безбедносните камери во објектите каде што биле извршени грабежите. Двајцата ги потрошиле парите, а со наредба на судија на претходна постапка извршени се претреси во нивните домови, од каде што се обезбедени дополнителни доказни материјали - облека и пиштол „екол специјал“.

Ограбиле три обложувачници во два дена

Осоколени од серијата грабежи претходниот ден, двајцата на 13 февруари околу 11 часот ја ограбиле обложувачницата „Златна копачка“ на улицата Никола Kарев или позната како пластичарската улица. Двајцата влегле, а кога Гаши застанал на шалтерот за уплата, Џемаиљ го извадил пиштолот и го вперил кон вработената заканувајќи ~ се дека ќе ја убие ако не им ги предаде сите пари од касата. Таа ги послушала и му дала 170.000 денари колку што имало во касата, по што пиштолџијата избегал со Гаши, кој се преправал дека наводно го брка разбојникот. Истиот ден околу 21.30 часот двајцата на идентичен начин ја ограбиле обложувачницата „Спорт лајф“ на улицата Тале Христов во Бутел, од каде што зеле 54.323 денари. Два дена подоцна, на 15 февруари, околу 20.40 часот ја ограбиле и обложувачницата „Спорт лајф“ во Старата чаршија, од каде што на потполно ист начин украле 120.820 денари.

Даниела Вељановска

#



Останати вести
Фатен крадец што ограбил менувачница во Гостивар
Разбојници претепале маж во куќа во Бутел
Двајца тетовци прободени со нож
„Молотов коктел“ фрлен во кафуле во Тетово
Загина тракторист во Kумановско

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести