период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Култура
Датум: 10.01.2017, 16:53

Тројца македонски автори во антологија на европски расказ

Писателите Славчо Kовилоски, Ранко Младеноски и Христо Петрески се застапени во антологија на европски раскази со наслов „Дарови на европскиот расказ“, која деновиве беше промовирана во неколку балкански градови.

Покрај тројцата македонски писатели, во антологијата се вклучени и педесетина автори од петнаесетина европски земји, како и ромски автори.

Приредувач на антологијата е Здравко Kецман според кого „Дарови на европскиот расказ“ е слика на Европа како посебен културолошки континент.

За македонскиот расказ Kецман ја истакнува поврзаноста со светите браќа Kирил и Методиј, и истакнува дека и современите писатели негуваат цврста врска со митот, легендата и традицијата во поширока смисла, јазикот им е моќен, еруптивен, со силни чувства и сетила. Таа поврзаност ги држи и со преостанатите балкански народи.

На крајот на антологијата се објавени библиографски податоци на застапените автори.

#



Останати вести
Заврши обновата на црквата „Св. Пророк Илија“ во Дојран
„Македонија – живот и предели“ - книга на германските истражувачи од Првата светска војна

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести