период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Омнибус
Датум: 11.01.2017, 16:11

Најстарото вино е од 350 година пред Христа

Познат е фактот дека виното станува с` подобро како што поминуваат годините, а така му се зголемува и цената. Љубителите на виното честопати ги избираат со гордост оние вина што долго созревале, но, најверојатно, никој нема да има можност да го проба виното за кое станува збор.

Тоа е вино што потекнува од 350 година пр.н.е. односно тоа е најстарото вино во светот. По откривањето виното било изложено во Пфлаз, во историскиот музеј во Германија, подолго од сто години. Иако неколку шишиња од ова вино се закопани во саркофагот на римска благородничка двојка, единственото шише што останало над земјата е, всушност, тоа во Германија.

Шишето е направено од римско стакло, а е украсено со две рачки. Наводно содржи мешавина од маслиново масло и вино. Фактот дека шишето е затворено со восок наместо со плута зборува дека е токму таква течноста што е зачувана во него.

Ова шише од 1,5 литар имало цел римската благородничка двојка да ја испрати во вечноста, а сега претставува предмет што го истражуваат и набљудуваат научниците и археолозите. Многу претставници на музеите тврдат дека виното ќе ја изгуби својата вредност ако дојде во контакт со воздухот, така што шишето с` уште не е отворено.

Kако што вели професор Моника Kристман, и покрај тоа што виното е микробиолошки во ред, нема да н` направи среќни со својот вкус.

Отворено или не, сепак, ова вино заслужува почесно место во срцето на сите енолози.

#



Останати вести
Мирко и волкот Вуле не можат без муабет
Сурутка „митован“ за здравје и во староста
Писмата на Александар Хамилтон на аукција во Њујорк
Принс имал златни прачки вредни над 800.000 долари
Збогум кариес, забите сами ќе се поправаат со лек за деменција

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести