период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Метропола
Датум: 11.01.2017, 15:12

Ќе се прават засолништа на уличните животни

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ по иницијатива на хуманата сограѓанка и активист за права на животните Адриана Попович денеска ќе организира акција за обезбедување или правење привремени засолништа за бездомни животни. Од 17 до 18 часот во „Јавна соба“ ќе се изработуваат куќарки од стиропор и слама, но таму има простор за ограничен број луѓе, па организаторот информира дека граѓаните можат и на друго место да изработат куќарки, па да ги однесат во „Јавна соба“.

Во 18 часот волонтерите ќе ги постават куќарките низ градот, каде што има потреба.

Од „Анима мунди“ велат дека сите што сакаат можат да помогнат со донирање на здружението, а средствата ќе се користат за подлошки, храна и основни намирници за оние што веќе згрижиле или ќе згрижат животинче, макар и привремено. Граѓаните може да помогнат и со превоз, како и со храна за кучиња, слама, ќебенца и други материјали.

- Екстремно ниските температури негативно влијаат на луѓето, но се фатални кај уличните животинки. Ние не зависиме од нив, но тие целосно зависат од нас. Секојдневно гледаме слики и објави за кучиња и мачиња, кои надвор се борат за живот, но, за жал, ретко кој реагира повеќе од лајк, коментар или споделување. Вистинска промена е иницијативата, а не пасивното набљудување - велат од „Анима мунди“.

#



Останати вести
Поради нерасчистените улички, ѓубрето стои во кантите
Илинден набави две комунални возила
Пунктот за бездомници отворен 24 часа додека трае студениот бран

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести