период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Актуелно
Датум: 16.02.2017, 18:13

Блокадата на Евзони трае 17 дена, а ЕУ и натаму будно ја следи

Блокадата на граничниот премин Евзони на македонско-грчката граница продолжи и вчера, по неуспешните завчерашни преговори на грчките земјоделци со претставниците на Владата во Атина. Поради штрајкот на грките земјоделци, Евзони е затворен за секаков вид сообраќај од 30 јануари, што предизивика штети на транспортните компании и нивните коминтенти. Македонските транспортни асоцијации и бизнис-заедницата постојано апелираат до меѓународните институции за деболокирање на преминот, укажувајќи дека од блокадата трпат штети транспортерите од Македонија и од регионот, како и компаниите корисници на нивните услуги.

СИЗ Македонија сообраќај – АМЕРИТ се обрати до Меѓународната унија за патен транспорт – ИРУ, Унијата на асоции за патен транспорт во Црноморскиот економски регион БСЕЦ-УРТА, како и до грчката транспортна асоцијација ОФАЕ.

Евроамбасадорот во Македомнија Самуел Жбогар завчера изјави дека ЕУ и Брисел внимателно го следат проблемот со блокадата на граничнот премин Евзони од страна на грчките земјоделци и оти очекуваат дека во најскоро време ќе следува реакција и обид за негово трајно решавање.

- Имам сознание дека двете влади се обидуваат да најдат начини како да го олеснат овој проблем со пренасочување на сообраќајот преку Дојран и Битола. Исто така добив информација дека ќе биде дозволено добра што се со ограничен рок на траење да се пренесат преку овој гранчен премин. ЕУ и Брисел внимателно го следат овој проблем и очекувам дека во најскоро време ќе следува реакција и обид за трајно решавање на овој проблем - изјави Жбогар при посетата на Гевгелија. 

#



Останати вести
На поп во Охридско му го украле пиштолот
Македонија е единствена на Балканот во економски слободни земји
Пациентите задоволни од инфузијата од 2 милиона евра за новите цитостатици
Заев се откажува од Жерновски, го сака Богдановиќ, Kуновска може да им ги помати сметките на двајцата?

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Petar Avstralija, 17.02.2017 04:50:08
Dali I veruvate na Evropskata Prostitucija jas Ne I zatoa predlagam Koga ke zavrshi shtrajko za sekoj kamion ili kola so juninistaski tablici da plakaat taksa za da mozat nashite transporteri da Si Gi nadoknadat shtetite.
jas, 17.02.2017 08:07:35
Letovo neka se zatvori granicata od nasava strana koga site od istocna Evropa sakaat da odat na odmor,pa EU neka ja posmatra situacujata.Zosto ne se blokira Solun,Atina?
Најнови вести