период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Актуелно
Датум: 10.01.2017, 17:49

СРБИЈА И ОФИЦИЈАЛНО ГО ПОБАРА ХАРАДИНАЈ

Дачиќ: Точно се знае која српска амбасада требало да биде нападната

Српското Министерство за правда вчера испрати до Франција официјално барање за испорачување на некогашниот командант на Ослободителната војска на Kосово и сегашен лидер на партијата Алијанса за иднината на Kосово (ААK), Рамуш Харадинај, пренесоа српските медиуми. Заедно со барањето се испратени и документите врз основа на кои француското правосудство ќе одлучува за исполнувањето на условите за екстрадиција на Харадинај.

Во меѓувреме српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, завчера изјави дека Србија има информации дека албанската дијаспора планира да заземе некое дипломатско претставништво на Србија во САД, Швајцарија, Турција, Грција, Италија и во Германија за да се принуди Србија да се откаже од барањето за судење на Харадинај. Министерот истакна дека безбедносните служби на тие земји и сите дипломатско-конзуларни претставништва на Србија се запознаени со тие разузнавачки податоци.

- Тоа покажува на што с` се подготвени албанските политичари, па дури и на тероризам - рече Дачиќ, а пренесе српски „Вечерње новости“.

Шефот на српската дипломатија нагласи дека Србија ги предупредува сите земји оти се одговорни за безбедноста на српските дипломатски претставништва и дека на албанските политичари им порачува да не си играат со оган.

- Србија нема да се откаже од гонењето на Харадинај, ниту на кој и да е друг што извршил воени злосторства против српскиот народ - порача Дачиќ.

Тој додаде дека изјавата на албанскиот шеф на дипломатијата, Дитмир Бушати, кој рече дека по апсењето на Харадинај треба да се ревидира дијалогот меѓу Белград и Приштина, покажува дека суштината на албанската политика е дека злосторствата против Србите се дозволени и дека дијалогот е само за цел на понатамошно афирмирање на косовската независност.

Kосовското Министерство за надворешни работа ја осуди изјавата на Дачиќ како неприфатлива и подбуцнувачка реторика, чија цел е предизвикување дестабилизација. Министерството оценува дека тоа е речник од 90-тите години на минатиот век и страв кога Србија, како што тврди, сама оркестрирала напади и им ги припишувала на други.

- Во вакви околности вакви насилни чинови може да се оркестрираат од самата српска држава за потоа да и се припишат на албанската дијаспора - стои во реакцијата на косовското МНР.

Харадинај минатата среда беше приведен на аеродром во Базел врз основа на потерница издадена од Србија во 2004 година и од тогаш се наоѓа во притвор. Тој во Србија е осомничен за воени злосторства против цивилното населени во Дукаѓини во 1998 и 1999 година, кои не се опфатени со обвинението на Хашкиот трибунал, од кое тој е правосилно ослободен.

Вчера косовскиот парламент одржа вонредна седница за да го дискутира апсењето на Харадинај.

Утре ќе се одржи рочиште и ќе се одлучува за барањето за ослободување на Харадинај и неговиот адвокат истакна дека косовскиот политичар ќе биде ослободен, но дека ќе остане во Франција додека не биде донесена конечна одлука од Апелацискиот суд.

ЕУ: Апсењето е доказ дека е неопходен дијалог

Европската Унија официјално реагира на апсењето на Харадинај само со оценката на Ангелина Ајнхорст во Европскиот парламент дека таквите ситуации не се од корист и дека тоа уште повеќе ја докажува неопходноста од средување на односите меѓу Белград и Приштина, вклучително и примената на договорот за правосудство. Европските дипломатски службеници во Брисел неофицијално истакнале дека во Европската служба за надворешни работи, во која Ајнхорст е службеник задолжен за Балканот, постои страв дека случајот со Харадинај може да биде искористен од силите што се против дијалогот. Изворите истакнале дека треба да се стиши вознемиреноста и така одговорија на прашањето како гледаат на изјавата на албанскиот премиер Еди Рама дека апсењето на Харадинај може да предизвика лоши последици за целиот регион, пренесе српски „Блиц“.

#



Останати вести
Kога кај нас би било минус 7 како во Скопје, би шетале по кратки ракави
Од петок мало затоплување и нови врнежи од снег
Лекови од болничката листа ќе се издаваат и на рецепт

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести