период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Хроника
Датум: 10.01.2017, 16:48

Уапсен ограбувач на мобиларница

Полицијата го идентификувала крадецот кој минатиот месец ограбил мобиларница и менувачница во Струга, информира МВР. Станува збор за Џ.И. (23) од гостиварско Дебреште. Против него е поднесена кривична пријава за тешка кражба.

Според полицијата, првата кражба се случила на 26 декември во сервисот за мобилни телефони „Мобител“ во склоп на ДООЕЛ „Прима“, лоциран во градскиот безистен во Струга. Kрадецот од мобиларницата сопственост на И.Ќ. од селото Октиси украл повеќе мобилни телефони кога го искршил излогот на продавницата.

Осомничениот наредниот ден ја ограбил менувачницата „Kе-ме“ на улицата Ѓорѓи Ѓоргон, сопственост на М.М. од Струга.

Провалникот со предмет ја отворил вратата и влегол во менувачницата од каде што одзел 50 швајцарски франци и метален сеф во кој имало метални монети денари и евра. На тој начин причинил материјална штета од 70.000 денари.

#



Останати вести
Уапсен Kосовец
Предизвикал сообраќајка, па извадил пушка
Kлиентите исполегнале на подот, а разбојникот самиот зел 70.000 денари од касата
Пиштол и муниција украдени од автомобил
Со шипка истепал соселанец

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести