период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Отворена
Датум: 20.03.2017, 15:34

ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО

Kарта на Балканот, влез во Пеколот

Со „Дневник“ сме ,,во врска“ над 20 години. Безмалку една третина од мојот живот. Во меѓувреме се променија сопствениците, уредниците, вработените, стилот и уредувањето, се променија и читателите. Некои с` уште го читаат, некои не го читаат, токму заради промените. Јас се (с)врзав за весникот и тој е составен дел од моето утринско кафе, иако го купувам одвечер. Освен со вес(т)никот се сврзав и со читатели, кои станаа мои познајници, а со некои од нив почитатели, пријатели на моите писанија или ако сакате помакедонски - мои фанови, а со некои сме „непријатели“, особено со анонимните.

Но како (бивш) деловен човек, држам до волјата на клиентите, во случајов со читателите, особено ако се во право. Во право беше читателот „Љубиша“ кој во својот коментар ми забележа, во колумната од минатиот број, дека храмот на `ртот Сунион не е на богот Аполон, туку на богот на морето Посејдон. А во главата бев преокупиран со Аполон, богот на светлината, музиката, танците, предводник на музите, чие име менаџерот на НАСА, Абрахам Силверстејн во почетокот на 1960 г. во време на администрацијата на претседателот Двајт Ајзенхауер, а го предложил за вселенската програма кон Месечината во периодот 1961-1972 г. Тоа беше продолжение на програмата Меркури, чии вселенски летала можеа да примат само по еден астронаут, додека програмата Аполо предвидуваше летала и мисија со три астронаути. Сакав да кажам дека Грција до денес не ~ се скара на НАСА за „крадење име, историја и митологија“.

Поентата за белите и црните едра во Македонија се претвори во ненамерна, но груба грешка и Посејдон стана Аполон, мислејќи на несериозната кавга на Грција за име, историја и митологија. Можеа да им забележат на Американците барем за Пентагон (гр. петоаголник). Простете исклучително груба грешка. Во трговијата тоа се вика заблуда. Инаку, за богот Посејдон  ќе раскажам сега, поради многубројните РМ Македонци, кои летуваат крај водите на Егеј, во Централна Македонија, под закрила на Посејдон, братот на богот Зевс.

Неговото главно и силно орудие е трозабец. Сопруга на Посејдон е нереидата (морска нимфа) Амфитрита, внука на титанот Океан. Познат е по тоа што имал многу љубовници, од двата пола. Се вљубил во прекрасниот Пелопс и го земал со себе, за љубовник на Олимп. Имал сексуална врска и со убавата Медуза, од која се родил крилатиот коњ Пегаз. Атина потоа ја претворила во чудовиште, за никој повеќе да не ја посака. Од убавата Европа се раѓа синот Ефрем, со Деметра се раѓаат Арејон и Деспина.

Една третина од колумната потрошив на митологијата, следните две за промените во историјата и иднината, во Македонија (Р) и неизбежниот, судбоносен Балкан. Првите промени кои сигурно ќе се случат оваа седмица: промена на часовникот за еден час нанапред. Kонечно, работите ќе тргнат, напред. Во недела наутро во 2 часот, стрелките ќе се поместат еден час нанапред и ќе биде 3 наутро. Враќањето кон астрономското (вистинското) време, ќе биде на 29 октомври и часовниците ќе се вратат еден час, наназад. Летното време е систем, воведен за штедење и расходи на електрична енергија, со зголемување на користење дневна светлина. Заради тоа, од астрономското време, се поместува еден час нанапред во пролетните и летни месеци.

Идејата за летно часовно време првпат се воведува во пракса од германската влада во време на Првата светска војна, во период од 30 април до 1 октомври 1916 г. Наскоро потоа Велика Британија го следи примерот и во почетокот воведува летно време  од 21 мај до 1 октомври 1916 г. На 26 март, конечно ќе тргнеме во чекор со Европа, еден час нанапред. Но, Балканот е голема приказна во која се случуваат големи трагедии, кои ги погледав наназад, двесте години. За тој период на Балканот се појавиле десетина географски карти, кои претставувале поместувања на територии и држави и судбини, кои не можат да се предвидат со точност за во иднина.

Баба Ванга предвидела дека ЕУ ќе се распадне кон крајот на 2016 г. Тоа започна со брегзит и заканувачки се најавува од други членки. Нејзините предвидувања се остваруваа со точност од 85 проценти. Kој друг, освен ЕУ ќе се распадне во 2017 г. не кажа Баба Ванга. Затоа, погледнав, но и вие може да погледате, како се менувале картите од 1815 г. на Балканот до денес. Kартата покажува дека,  1815 г. Балканот бил османска територија, не постојат други држави, освен Црна Гора! Следното прецртување е во 1859 г. Се појавуваат веќе постојната Црна Гора, половина од денешна Грција, Србија, Романија, но не во денешниот вид. Од 1860-1878 се појавуваат  и „нови“ држави во Отоманското Царство - Бугарија. Балканот во 1912 г е сосема со нова геополитичка карта, која во 1918 ќе ги добие безмалку денешните балкански држави. Од 1918-1938 следи ново прекројување, кое е речиси слично на денешните држави.

Во периодот од 1938- 1945 има сериозни поместувања и прецртувања на границите, кај сите балкански држави. Во периодот од 1929-1941 се формира Kралството Југославија, кое ги содржи следните делови, области, од север кон југ: Дравска, со главен град Љубљана; Савска, со главен град Загреб; Врбаска, со главен град Бања Лука; Приморска со главен град Сплит; Дринска со главен град Сараево; Зетска со главен град Цетиње; Дунавска со главен град Белград; Моравска со главен град Ниш; и Вардарска, со главен град Скопје. Kартата на Балканскиот Полуостров нема поместувања и прецртувања во периодот од 1945-2003 освен внатрешно, на  територијата на СФРЈ.

Прва Словенија објави независност од Југославија на 25 јуни 1991 г. Хрватска исто така на 25 јуни 1991 објави независност од СФРЈ. Република Македонија објави независност на 8 септември 1991 година. Босна и Херцеговина прогласи независност од СФРЈ на 5 април 1992 година. Република Црна Гора објави држава на 5 јуни 2006 година издвојувајќи се од државата Србија и Црна Гора. Република Kосово објави независност од Република Србија на 17 февруари 2008 година. Сите поместувања и независности станаа балкански, каде помалку, каде повеќе: со војна, разрушувања, раселувања и многу крв. Се разбира, меѓународната јавност, во вид на ЕУ и НАТО, некаде помогнаа, некаде одмогнаа во внатрешното прекројување на СФРЈ.

Овој пат прекројувањата ако почнат ќе се прошират и во регионот. Нема да верувате, регионот нема заеднички јазик по ниту едно прашање, но има заедничко име – Балкан.  А прекројувањето на Балканот се префрла на регионот. А регионот околу Балканот се вика, Европа. Со менување на стрелките на часовникот напред, ќе има ли чекори назад оваа недела? Или ако сакате на македонски- ретерирање...

Ангел Иванов

 

#



Останати вести
УСАИД прв донатор на Сорос во Македонија
Сакаат да калемат здраво дрво

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
istoricar, 21.03.2017 08:52:37
ime edno pravilo vo evropa koe postoi vece 1000god a toa e koga eden narod prv naseluva teritorija formira drzava i site podocnezni doselenici mora da go prifatat jazikot,nacijata,znameto ..nee e videno vo istorijata na evropa obratnoto kade doselenicite,malcinstvoto da ti menuva ime,nacija,jazik,zname uate poironicno e sto toa vo mkd saka da se sprovede preku petokolonasi...
Најнови вести