период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Сцена
Датум: 16.02.2017, 15:47

НОВ СПОТ НА НАУМ ПЕТРЕСKИ

Убавините на Струга во несекојдневна љубовна приказна

На повеќе локации во Струга, Наум Петрески го сними спотот за композицијата „Заљубив“. Проектот е дело на „Аворд видеофилм„ и „ИН продукција“, сценариото е инспирирано од несекојдневна љубовна приказна помеѓу двајца млади, а видеозаписот премиерно ќе биде прикажан на австралискиот сателитски канал ИН ТВ следната недела.

„Заљубив“ е рефрен од актуелниот албум на Петрески, кој го објави лани во декември. Со ова цеде докажаниот фолк-интерпретатор прослави три децении естрадна кариера. „Грло недопеано“ е издание на „Аворд продукција“ и содржи 16 песни. Сниман е во неколку студија, а авторската листа ја комплетираат Николче Мицевски, Баже Темелков, браќата Георги и Миле Барбаровски, Огнен Неделковски, Тодор Трајчевски и Борче Нечоски. Дел од рефрените се поинакви од неговиот досегашен репертоар. По соработката со Јоце Панов, Петрески реализира дует и со поп-пејачот Ѓоко Танески, а на три теми како аранжер се потпишува Дарко Тасев.

- Не го напуштам фолкот, но ќе пеам и помодерна музика – порача Петрески на промоцијата.

Популарниот пејач во наредниот период ќе се фокусира на подготовките за големиот солистички концерт закажан на 22 април во „Метрополис арена“. За почитувачите на неговите дела најавува специјално шоу со повеќе изненадувања.

(Ѓ.С.)

#



Останати вести
Проектот Taksim Dream премиерно на „Би-би-си“
Жртвите на ракот на дојката ги покажаа лузните на модната писта

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести