период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Сцена
Датум: 10.01.2017, 14:49

АНДРИЈАНА ЈАНЕВСKА ГО НАЈАВИ ВАСИЛИЧАРСKИОТ KОНЦЕРТ ВО МОБ

Ќе ја потсетам публиката на заборавените македонски песни

Популарната пејачка и авторка Андријана Јаневска вчера на прес-конференција во фоајето на Македонската опера и балет официјално го претстави традиционалниот василичарски концерт со наслов „Заборавени песни“. За разлика од претходните години кога во шоуто партиципираа група солисти, овој пат рефрените ќе ги интерпретира само таа во придружба на оркестарот на МОБ. Репертоарот содржи заборавени традиционални македонски песни дополнети со најпопуларните македонски рефрени. Со оркестарот ќе диригира маестро Бисера Чадловска, а режисер е Љупка Јакимовска.

- Ми претставува чест, но чувствувам и голема одговорност што сум првиот солист што настапува на овој настан со целовечерен концерт. Особено ми е мило што тоа е во соработка со еден од најдобрите македонски аранжери, маестро Илија Пејовски - порача Јаневска.

Докажаната кантавторка откри дека со Пејовски повеќе од еден месец поминале во подготовки на песните и веруваат дека публиката ќе ужива во финалниот производ.

На новинарите им се обрати и уметничкиот раководител на операта при МОБ, Сони Петровски, кој додаде дека со овој настан МОБ воедно го прославува 70. роденден на Пејовски, кој моментно е во Германија каде што работи на аранжмани за друга куќа.

Маркетинг-раководителот на МОБ, Горан Цветковиќ, пак, истакна дека во насока на општествената одговорност што ја гради оваа институција за василичарскиот концерт доставиле бесплатни билети до Здружението на домовите за стари лица со цел згрижените овој празник да го прослават на еден поинаков начин. Цветковиќ најави уште една новина, а тоа е избор на кум.

- По завршувањето на концертот, во фоајето ќе се одржи коктел под покровителство на МОБ на кој ќе биде поделена погача. На оној на кого ќе му се падне паричката ќе биде кум во наредните 365 дена и како награда ќе добие бесплатни билети за сите настани во наша продукција. Воедно, кумот нема да има никакви други обврски кон МОБ - информира тој.

(Ѓ.С.)

#



Останати вести
Соработувам со вистински шпиони на ЦИА
„Рушевини“ е моја лична приказна
Скопското трио „Планктонс“ на 27 јануари во МKЦ
„Ла, ла, ленд“ ја води трката со 11 номинации, „Пристигнување“ му е зад петици со 9

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести