период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Култура
Датум: 20.04.2017, 18:12

Овации за „Животот е прекрасен“ на МНТ на фестивалот МИТЕМ во Будимпешта

Изведбата на „Животот е прекрасен“ на четвртото издание на меѓународниот театарски фестивал МИТЕМ, предизвика големи овации кај унгарската публика. Претставата беше проследена со аплаузи на отворена сцена како и на самиот крај, во преполна сала, на крајот ансамблот беше поздравен со долг аплауз и овации, соопшти вчера Македонскиот народен театар, кој во средата вечер со претставата во режија на Александар Морфов настапи на фестивалот, кој се смета за „театарска лига на шампионите“

- Вчеравечер во Националниот театар во Будимпешта/во чија организација е престижниот меѓународен театарски фестивал МИТЕМ, беше чест и гордост да се биде дел од Македонскиот народен театар. Ансамблот на МНТ повторно ја покажа својата креативност, посветеност, љубовта и вербата со кои сите заедно ја одиграа „Животот е прекрасен“. Се останато за минатата вечер кажува аплаузот на публиката, вели директорот на МНТ, Дејан Пројковски. По средбата со публиката и критиката на тркалезната маса претставата беше оценета како висок естетски чин, а актерскиот ансамбл на МНТ беше истакнат за врвна актерската игра, во која секој актер својата улога ја креирал со измерени гестови до перфекција – наведоа од МНТ.

„Животот е прекрасен“ е во селективната програма на фестивалот во конкуренција на извонредни продукции од 11 земји

МНТ оваа година ќе биде дел од официјалната програма на МЕСС, а потоа следуваат гостувања во Грац, Виена, Загреб, Белград, Подгорица, Хамбург, Берлин, Торонто.

#



Останати вести
Бисерите на македонската кинематографија на Video on Demand
Стихозбирка, изложба и премиера „Во чест на поетот“ во Штип
Премиера на филмот „Ах, љубов моја“ на Скопскиот филмски фестивал

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести