период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Македонија
Датум: 11.01.2017, 14:54

Цевководот што го оживеа Дојранското Езеро ќе произведува струја

Општина Дојран деновиве го презентира урбанистичкиот план за изградба на мала хидроелектрична централа „Топлец“, која ќе се гради на постојниот цевковод за надополнување со вода на Дојранското Езеро.

Од урбанистичкото одделение при Општина Дојран појаснуваат дека со изградбата на овој систем, освен што ќе се обезбеди потребното количество вода за полнење на езерото, ќе може да се покријат и потребите за водоснабдување на населените места Богданци, Стар и Нов Дојран.

Малата хидроелектрична централа „Топлец“, велат од Општината, претставува реализација на целите зацртани со Просторниот план на државата за рационално, целосно и повеќекратно искористување на водните ресурси. На површинскиот опфат на проектот предвидено е да се градат и објекти со комерцијална и деловна намена.

Урбанистичката документација ќе биде изложена во просториите на локалната самоуправа од каде што сите заинтересирани физички и правни лица ќе може да подигнат анкетни листови преку кои ќе ги изразат своите мислења, предлози и забелешки.

#



Останати вести
Во Kочани повеќе венчавки и крштевки, а помалку погреби
Целосно ќе бидат обновени улиците во Чалошево и Мамутчево
Kопаничарот Новица седум години ја резбал целивалната

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
белќо, 11.01.2017 20:11:43
Каква е оваа информација.Па ,,Топлец,, е изградена пред 2-3 год. од инвеститорот ,,Езотерна,, а знам бидејки градежната фирма -изведувач е фирма во која работам. Значи кој овде е ЛУД.ЗБУНЕТ НОРМАЛЕН
Најнови вести