период од-до
  -  
ЕкономијаЕврорамаХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Економија
Датум: 11.01.2017, 14:58

НАМАЛУВАЊЕ НА ДЕФИЦИТОТ

Саудиска Арабија ги намалува буџетските трошоци за 20 милијарди долари

Саудиска Арабија работи заедно со „Прајсвотерхаус куперс“ (ПвЦ) за да ги намали трошоците за 20 милијарди долари за разни проекти. Арапското Kралство го прави тоа за да ги заздрави своите финансии, пренесува „Блумберг“ повикувајќи се на два извора запознаени со темата.

Министерот за економија и планирање ја најмило консултантската фирма за да се разгледаат владините договори во вредност од 69 милијарди долари, а целта е да се скратат трошоците за нив за една третина, велат изворите кои побарале анонимност.

Меѓу засегнатите се договорите доделени од министерствата за домување, здравство и за образование. Улогата на ПвЦ ќе вклучува уште и советување за тоа како да се намалат трошоците за дадени проекти или како тие да бидат приватизирани.

Најголемиот во светот нафтен извозник се стреми да ги ограничи трошоците за да успее да го ограничи буџетскиот дефицит кој минатата година достигна речиси 80 милијарди долари поради падот на цената на нафтата. Kралството создаде единица која треба да ги ограничи владините трошоци.

Минатата година властите создадоа и национална канцеларија за управување со проектите за да контролираат капиталните трошоци и да се обезбеди ефикасно спроведување на владините проекти.

#



Останати вести
НБМ ја намали основната камата втор пат за еден месец
Македонската економија годинава ќе порасне 3,3 проценти, в година 3,7 отсто
Просечната плата во Скопје речиси 26.000 денари, во источниот регион пониска 10 илјади
До крајот на годината првите количини гас од наоѓалиштето „Зохр“ на Медитеранот
Макрон: Еврото е дефектно и може да не постои по 10 години

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести