период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Метропола
Датум: 11.01.2017, 15:12

Пунктот за бездомници отворен 24 часа додека трае студениот бран

Пунктот за бездомни лица во Момин Поток е отворен 24 часа до завршување на студениот бран за прифаќање на лицата што имаат потреба да бидат згрижени. Град Скопје информира дека тимови од пунктот со возило ги преземаат бездомните лица од местата каде што се лоцирани, а тие може да го повикаат тимот на број 3139-578 во дирекцијата на Црвен крст.

Пунктот функционира веќе осум години. Отворен е преку целата година и лицата двапати неделно може да користат услуги за одржување хигиена, медицинска заштита и лекови, облека, психолошка поддршка, правна помош, фризерски услуги, како и дневен оброк. Во 2010 година од буџетот на Град Скопје се набавени и целосно опреми два контејнера со 16 кревети и бања.

Досега, со поддршка на Град Скопје, 8 лица се работно ангажирани во јавните претпријатија, а оваа практика ќе продолжи.

#



Останати вести
Поради нерасчистените улички, ѓубрето стои во кантите
Илинден набави две комунални возила
Ќе се прават засолништа на уличните животни

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести