период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Во фокусот
Датум: 20.03.2017, 17:45

Чавков: Пратениците ќе имаат непречен пристап до парламентот

Сигурно е дека пратениците ќе имаат безбеден и непречен пристап во парламентот, изјави вчера Митко Чавков, директор на Бирото за јавна безбедност на МВР. Во пресрет на утрешното работење на пратениците во Собранието во рамките на координативната средба закажана од спикерот Трајко Вељаноски и најавените протести од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ тој потенцира дека полицијата ќе функционира професионално.

- Во МВР функционира штаб кој непрекинато заседава и ги следи сите информации. Полицијата презема оперативни планови во согласност со тие информации и безбедносни процени. Врз таа основа ги димензионираме персоналните капацитети и материјално-техничките средства - тврди Чавков.

#



Останати вести
Фотографија стара три години ја вметнуваат како да е дел од „За заедничка Македонија“
Откажете се од платформата, за да добиете мандат
Се тресе „Алијансата“ на Зијадин Села
Хан и тројката ќе се скријат од „За заедничка Македонија“

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Извини, ама вие веќе немате кредибилитет да кажувате вакви работи., 20.03.2017 23:05:14
Таа полиција е платена од народот, вклучително и ти! Затоа, во вакви ситуации, тој што плаќа ќе кажува кој ќе влегува и излегува непречено, а вие како чекатели и приматели на плата од народот ќе постапувате како што ќе ви каже Народот. Овој народ не е за газење на уставот и уништување на државата и институциите па да го спречувате во намерата! Требаше и треба да ги спречите Оние кои сакаа/т да се помочаат и на народ и на устав и на држава и на институции. Наместо против, вие треба да му се придружите на Народот, затоа сте платени, да спречите рушење на државата и уставот, а тој народ за тоа ќе биде таму, да го направи она за кое вие потфрливте и сте очигледно апсолутно неспособни!!!! Да бевте на ниво на функцијата и задачата, Овој вчерашен, денешен и утрешен народ ќе немаше потреба да излегува.
Најнови вести