период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноОтворенаСценаВо фокусот
Свет
Датум: 16.02.2017, 16:58

Поранешни разузнаваЧи за „ДеЈли колер“ тврдат

Флин е жртва на смислено политичко убиство на разузнавачите

Советникот за национална безбедност на САД, Мајкл Флин, кој си поднесе оставка во понеделникот, е жртва на смислено политичко убиство на разузнавачите, поддржувачите на Обама, кои останаа и поранешни службеници за национална безбедност од администрацијата на Обама, велат бивши разузнавачи за „Дејли колер“.

Во тесно поврзаната заедница на пензионирани разузнавачи се вели дека вадењето на Флин од администрацијата е дело на инсајдери во ЦИА, НСА и во Советот за национална безбедност (НСЦ) користејќи софистицирана кампања на дезинформирање за да се создаде атмосфера на криза. Поранешните разузнавачи велат дека тактиките употребени против Флин изминатите неколку месеци се од типот на немилосрдни обвиненија кои претходно биле резервирани за врвни државни непријатели, а не за службеници во Белата куќа.

- Ова беше смислен напад - обвинува пензионираниот полковник Џајмс Вилијамсон, ветеран од специјалните сили и кој ги координирал своите операции со разузнавачката заедница.

Забележувајќи дека администрацијата на Обама првин се обидела да го замолчи Флин во 2014 година кога поранешниот претседател го отпушти од функцијата директор на Агенцијата за одбрана и разузнавање, Вилијамсон, за оставката од понеделникот рече дека е втора етапа од убивањето на Мајк Флин. Поранешните разузнавачи велат дека оставката на Флин е поврзана со кампања на дезинформации и дека не е многу поврзана со разговорите со рускиот амбасадор Сергеј Kислјак. Тие ги обвинуваат службениците од врвните американски шпионски совети дека предале доверливи владини пресретнувања на разговорите на Флин и претседателот Трамп со светски лидери и имале пријатели што не се поврзани со агенцијата, а кои ги дистрибуирале пресретнувањата до медиумите. Трамп на „Твитер“ напиша дека информацијата илегално била дадена на „Њујорк тајмс“ и на „Вашингтон пост“ од страна на разузнавачката заедница.

- Никогаш не сум видел вакво нешто. Оние во разузнавачката заедница политички да го користат разузнавачкиот апарат и алатки против административец - вели Џејмс Воршак, кој 30 години бил на врвни разузнавачки позиции и работел и во Националниот совет за безбедност.

Фредерик Растман, кој 24 години работел во ЦИА, вели дека хаотичната бирократија од разузнавачката заедница се организира за да го симне Трамп од власт.

- Не би бил изненаден ако Трамп не го заврши својот мандат поради нивната одмазда - истакна Растман и додаде дека потегот за Флин е само мини-одмазда.

Вилијамсон додава дека целата ситуација е оркестрирана и дел од голема стратегија.

- Целта е дел по дел да се растури администрацијата на Трамп, да се дискредитира Трамп - вели тој.

Пензионираниот морнарски полковник Бил Kауан верува дека Мајк Помпео, новиот директор на ЦИА, мора да си ја исчисти куќата или администрацијата ќе се соочи со четири години полни со напади, тајно дезинформирање, погрешно информирање, психолошки информации за поткопување на администрацијата и претседателот. Чарлс Гослин, поранешен службеник на ЦИА, исто така верува дека многу недисциплиниран персонал работи во НСЦ и во Белата куќа. Тој верува дека информациите за повиците излегуваат од НСЦ.

- Мислам дека тие не се лојални на моменталната администрација. НСЦ ќе биде тешка за средување - вели Гослин.

И конгресменот од Ајова, Стивен Kинг, смета дека, како што вели тој, политичкото убиство на Мајкл Флин е резултат на дејствувањата на елементи од разузнавањето кои не сакаат Трамп да успее. Kинг смета дека треба да биде откриен идентитетот на оние разузнавачи што ги предале доверливите информации и го прекршиле законот - пренесе порталот „Инфо ворс“.

Републиканците бараат истрага од ФБИ

Републиканците во Kонгресот почнаа да го поддржуваат претседателот Трамп барајќи истраги за илегалното предавање доверливи информации, пренесува „Инфо ворс“. Kонгресменот од Kалифорнија, Девин Нунс, кој е претседател на Разузнавачкиот комитет при Претставничкиот дом, составува писмо за ФБИ со кое формално бара од бирото да го истражи случајот и да ги испита оние што ги дале информациите за телефонскиот разговор меѓу Флин и Kислјак.

- Очекувам ФБИ да ми каже што се случува и се надевам дека ќе имаат добар одговор. Големиот проблем што го гледам тука е што има американски граѓанин чиј телефонски разговор бил снимен и предаден - истакна тој.

Нунс додава дека владата има многу стриктни правила за следењето на телефонските разговори на Американците со странци и дека многу малку луѓе во владата би можеле да ги предадат информациите бидејќи деталите за повиците се бришат освен ако има судска наредба.

- Значи, некој морал да одлучи да продолжи да ги снима тие разговори и потоа да ги даде на печатот. Не ни знаеме кој го снимал ова - вели Нунс.

Нунс сугерира дека деветтемина разузнавачи што ги предале содржините од разговорот на „Вашингтон пост“ треба да завршат в затвор зашто го прекршиле законот со тоа што дале доверливи информации на некого.

Разузнавачкиот комитет при Сенатот исто така може да започне своја истрага за предадените информации за разговорот и да истражи дали Судот за надзор над странските разузнавачки служби (ФИСА) дозволил некоја страна да ги снима разговорите.

#



Останати вести
Данците не смеат да станат малцинство во Данска
Протестите за силуваното момче се преселија во центарот на Париз
Во Холандија може да се вратат најмалку 80 деца-џихадисти

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести