период од-до
  -  
ЕкономијаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусАктуелноПубликаОтворенаСценаВо фокусот
Метропола
Датум: 20.04.2017, 17:13

Одговорни компании и организации засадија 70 дрва во Градскиот парк

Во Градскиот парк вчера беа засадени 70 зимзелени дрвца од страна на компании и организации учесници на првиот „Форум на добри компании“. Пикникот „на добри компании“ е во организација на асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“, Амбасадата на Холандија во Скопје и „Скопје Мериот хотел“.

Амбасадорот на Холандија Ваутер Пломп рече дека дрвјата се иднината на градот и дека настанот е одличен пример за корпоративно-општествената одговорност.

- Никој не може да работи сам. Соработката меѓу бизнис-секторот и граѓанските организации е одличен модел за постигнување позитивни промени во општеството - изјави Пломп.

Директорката на „Паблик“, Kлиментина Илијевски рече дека со оваа иницијатива зад себе оставаат позитивни отпечатоци во природата.

Дрвјата ги обезбеди „Скопје Мериот хотел“ заедно со холандската компанија „Еуропиан плантс“ од Тетово, а парцелата за садење ја обезбеди Град Скопје.

Генералниот менаџер на „Мериот“ Дирк Влирбум истакна дека инвестирањето во заедницата е основата на нивната стратегија за корпоративна-општествена одговорност и затоа одлучиле да се раззелени настанот преку садење дрвја.

- Верувам дека ова ќе стане добра традиција бидејќи заедно сме подобри и можеме да направиме уште поголема разлика во заедницата во текот на целата година - изјави Влирбум.

Следниот Форум на добри компании е закажан за 2 ноември 2017 година.

#



Останати вести
Во автобусите на ЈСП лани превезени 45,9 милиони патници
Мултикултурна работилница во ОУ „Војдан Чернодрински“
Од вторник почнуваат уписите во трите градинки во Центар

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести