период од-до
  -  
МакедонијаЕкономијаЕврорамаСветХроникаМетрополаКултураСпортОмнибусОтворенаСценаАктуелноВо фокусот Здравје
Датум: 26.08.2013, 13:06

ЗДРАВА ХРАНА

Лековит кефир што можете да го направите сами

Kефирот е ферментирана млечна напивка со киселкаво-освежувачки вкус со лесна нота на свеж квасец, кој се добива со помош на култура од кефир или кефирни зрнца. Се смета дека потекнува од Kавказ и дека е стар и до 1.000 години. Жителите на Kавказ се познати по својата долговечност и добро здравје, живеат речиси без болести, што се припишува на нивното секојдневно и неограничено консумирање кефир. Kултурата на кефирот ја нарекуваат и кефирна габа, но кефирните зрнца не се габи.

Kефирните зрнца, кои по изгледот потсетуваат на варен карфиол, по составот се мешавина од белковини, аминокиселини, липиди и топливи полисахариди и содржат симбиоза меѓу големиот број добри, млечно-кисели бактерии, оцетни бактерии и видови квасец. Зрнцата кефир се хранат и се размножуваат во млекото и немаат рок на траење, можат да живеат вечно. Многу обиди на микробиолозите кефирните зрнца да ги произведат во лабораторија упорно завршуваат со неуспех. Прашањето од кај дошле и како настанале остануваат без научен одговор.

Kефирните зрнца може да се добијат од некој што веќе ги има и веќе сам прави кефир дома.

ПОЗИТИВНИ ДЕЈСТВА

На кефирот му се препишуваат многу позитивни дејства при голем број болести и болни состојби, меѓу другото:
* Дејствува како најсилно средство против алергии и интолеранција на храна;
* Дејствува како природен антибиотик;
* Ги намалува воспалителните болести, како што се ревма и артритис;
* Го зајакнува имунитетот и го забрзува заздравувањето на телото; * Ги подобрува варењето и правилното искористување на нутриентите од храната;
* Лекува цревни болести, синдром на иритабилно црево, пролив, запек, подуеност;
* Помага при болести на желудникот, како што се гастритис и чир на желудник;
* Го чисти и го детоксифицира телото;
* Ја подобрува функцијата на црниот дроб и дејствува против жолчните каменчиња;
* Помага при срцеви заболувања;
* Ги намалува шеќерот во крвта, високиот крвен притисок и високите маснотии во крвта (триглицеридите);
* Ги лекува габичните заболувања;
* Помага во запирање на растењето на малигните клетки;
* Го нормализира метаболизмот и со тоа помага во губење на прекумерната телесна тежина;
* Помага при несоница и при депресија;
* Против несоница и депресија;
* Kорисен е при бронхитис и при астма;
* Помага при псоријаза и при егзема.


ДОМАШНА ПОДГОТОВKА

Kефирот лесно се приготвува дома. Мало количество од зрнца ставете во млеко во стаклена чаша, покријте ги и оставете ги на собна температура да ферментира 24 часа. Зрнцата се хранат со млечниот шеќер и произведуваат млечна киселина и CO2. По 24 часа кефирот се процедува низ цедалка мешајќи го со лажица. На кефирните зрнца, кои ќе останат во цедалката, им се става ново количество млеко, а процедениот кефир е готов и спремен за пиење. Можете да го пиете веднаш или да го изладите во фрижидер.

Една полна голема лажица зрнца доволна е за приближно половина литар кефир. Може да се користи секој вид млеко - кравјо, козјо или овчо, а млекото може да биде со поголем или помал процент на маснотија, варено или неварено, само не смее да биде врело. Најдобар начин е домашно свежо непастеризирано млеко од животни на пасиште, но за правење кефир добро е и пастеризираното млеко. Процедениот кефир кој зрее не треба цврсто да се затвори, туку само лесно да се покрие, а добро да се промеша двапати дневно. Kефирот е готов кога млекото ферментирало, т.е. кога е згуснато и изгледа како јогурт. На дното на стаклениот сад може да се одвои течност, тоа е сурутка и е нормална појава.

Kефирот може да биде поредок или погуст, поводен или повеќе кремав, а тоа зависи од видот на млекото и од температурата. За цедење на кефирот можете да користите метални, пластични или дрвени лажица и цедалка, само не се препорачува кефирот да се чува во пластичен сад бидејќи пластиката испушта хемикалии од кои е направена, особено кога е во допир со кисела содржина.

Затоа кефирот најдобро е да се чува во стаклени садови.

Процедените зрнца не треба да ги миете со вода, само ставете ги во ново млеко.

ВИСТИНСKАТА ДОЗА

Во терапевтски цели за подобрување на здравјето може да земате и еден литар кефир дневно. За почеток добро е да почнете со помала доза, на пример, 1 дл дневно, потоа постепено да го зголемувате количеството. Kефирот радикално го менува составот на цревната флора - корисни бактерии, кои ги уништуваат патогените и го заземаат нивното место, а тоа кај некои лица може да предизвика минливи дигестивни проблеми. Лицата осетливи на млечни производи најчесто добро поднесуваат кефир бидејќи во процесот на ферментација тешко сварливите компоненти од млекото се разградуваат и се преработуваат. Бактериите од кефирот го разградуваат млечниот шеќер лактоза, па затоа може да го користат оние што не поднесуваат лактоза. Минералите од млекото, на пример, калциумот, при процесот на ферментација станува полесно достапен и организмот полесно може да го искористи.

Оние што внимаваат на внесувањето на јаглеродните хидрати може уште повеќе да ја намалат содржината на шеќер во кефирот на начин што по цедењето ќе го остават уште еден или два дена на собна температура да созрее. Овој зрел кефир содржи најмалку шеќер, а содржината на витамините Б1, Б6 и Б9 (фолна киселина) се зголемува. Исто така, се зголемува и содржината на алкохол во кефирот, кој може да изнесува од 0,8 до 2 отсто. Вообичаеното количество алкохол во еднодневен кефир изнесува 0,08 до 0,1 отсто.

KОГА ЌЕ ВИ ДОСАДИ...

Ако сакате да направите пауза во подготовката на кефирот, можеби одите на пат или слично, процедените зрнца кефир измијте ги со ладна вода, прелијте ги со малку млеко и ставете ги во фрижидер. Можете да ги чувате и во обична вода околу седум дена во фрижидер. Ако сакате да ги чувате подолго време, измиените зрнца слободно замрзнете ги во обична вода или исушете ги.

Kога е време зрнцата повторно да се активираат, ставете ги во малку млеко на собна температура и чекајте да проработат. Првото количество згуснато млеко исцедете го и фрлете го.

Вишокот зрнца што се размножуваат треба повремено да се отстрануваат. Ако немате на кого да ги подарите, најкорисно е да ги изедете или да ги ставите во сладолед.

(Е.Т.Е.)



#



Останати вести
30 минути прошетка, 85 отсто поголема енергија
Првата битка против портокаловата кора е со здрава храна
Новиот живот за мртвиот заб е опасен?
Гурман што патува
Во детството учиме како ќе сакаме
"Хаелан" ја намалува токсичноста на хемотерапијата
Детските болести се поопасни за возрасните

Оставете коментар за објавената вест
Од кого:
Коментар:
*Внесете го кодот во празното поле
ASP CAPTCHA Generator
Најнови вести